Го лупите кивито и го јадете само цветот од брокулата? Проверете во што уште грешите

Сметате дека не постојат  здрави и помалку здрави начини  на конзумирање одредени  намирници? Размислете повторно, бидејќи ние ви нудиме на увид грешки кои  до сега сте ги правеле со храната.1. Го лупите кивито
Кивито е совршен извор на витамин С, омега- 3 киселини и антиоксиданси. Но доколку ја лупите кората, знајте дека губите  многу хранливи вредности. Неодамнешни истражувања покажале дека  со конзумирање на кората од кивито се зголемува внесот на влакна за три пати повеќе.
2. Го јадете само цветот од брокулата
„Листовите кои ги опкружуваат цветовите од брокулата се многу добри за конзумација“, тврди нутриционистот Ешли Кофи и додава дека тие содржат витамини А, С и К и соединенија како што се глукозинолати кои ја осигуруваат  оптималната детоксикација.
3. Пиете обрано млеко
Обраното млеко  е  високо разработено и скоро  и да нема хранливи вредности, додека органското  необрано млеко пружа низа витамини и минерали. Покрај тоа, кога ќе ги тргнеме мастите го менуваме и начинот како намирницата делува на нашиот организам.
4. Месото го печете на скара и ко карамелизирате кромидот
„Процесот на карамелизација на храната или скара создава хемиска реакција при која шеќерот се врзува за протеините и создава предвремено стареење на кожата, но  доаѓа и до други болести како што е Алцхајмеровата болест и срцеви заболувања“, напоменува нутриционистот Нека Пакуале. За да го избегнете тоа  јадете сирова храна, готвена, или готвена на пареа, главно  подготвувана на ниска температура.
5. Циметот го јадете само како додаток  во десерт
„Циметот помага во  воспоставување рамнотежа на шеќерот во крвта и го пдобрува топењето на мастите“,  вели паскуале, која препорачува  циметот да го додадете во чаша топла вода и да го пиете како чај.1. Го лупите кивито
Кивито е совршен извор на витамин С, омега- 3 киселини и антиоксиданси. Но доколку ја лупите кората, з

Пронајдете не на следниве мрежи: