Исповед на жена која 17 години трпела насилство: Живеев во страв и чекав да се разбуди ѕверот

Оваа жена од Белград сопругот 17 години физички и психички ја злоупотребувал. А потоа оваа храбра жена решила да си пружи ноива шанса на себе и децата. Ивана како што ќе ја наречеме поради безбедносни причини, ја дели со вас  својата потресна приказна.„Излез од тешката  ситуација побарав во Сигурна куќа откако во Центарот за социјална работа ми рекоа дека е најдобро тоа да го направам поради својата безбедност. Во брак сум 17 години и од почетокот, во помала или поголема мера, трпев насилство“,  вели Ивана.
Сопругот на Ивана знаел да биде без милост.
„Трпев навреди, проверувања, упади, непочит во секоја смисла, и како сопруга, и како жена и како мајка. Насилството подоцна од психичко прерасна во физичко, доживеав шутирање, удирање по глава, давење“.
Оправдание за насилството нема, но Ивана, која работи како службеник во една фирма, рекла дека агресивноста на нејзиниот сопруг најчесто била предизвикувана од финансиската несигурност и фактот дека тој е невработен.
„Секогаш кога ќе го прашав или ќе побарав нешто од него, добивав ќотек. Се обидував да разговарам со него за проблемите, но тој не сакаше да зборувам“.
Во секое насилство доаѓа до една точка кога ќе одлучите дека е ДОСТА.
„Пред еден месец не можев да легнам од страв , размисллував да спијам со нож под перница. Тој страв беше постојан, бидејќи никогаш не знаете кога ѕверот ќе се разбуди“, додава Ивана.
Оваа жена го направила она што многу жени не се осудуваат да го направат, а Ивана им порачува:
„Илјада пати помислував дека нема излез, но сфатив дека морам да заминам, тоа беше моја мисија да ги извлечам децата од таа ситуација. Сите жени кои трпат насилство  на крај доаѓаат до ова.
Знам дека многумина се надеваат и дека мислат, како што правев и јас, дека ќе биде подобро, но не, работите само се вртат во круг“.
Ивана продолжила со работата, вели дека ѝ е добро во Сигурна куќа и се труди да им помогне на децата што повеќе, а штом ќе собере  психичка и физичка сила, ќе продолжи понатаму.
Вели дека е најважно што децата ѝ се благодарни за тоа што им пружила шанса за нов почеток.„Излез од тешката  ситуација побарав во Сигурна куќа откако во Центарот за социјална работа ми рекоа дека е најдобро тоа да го направам

Пронајдете не на следниве мрежи: