Лекарите му дале уште шест месеци живот, но тој живееше до 102. година од животот

Приказната која што ви ја донесуваме ги воодушеви сите оние кои ја имаат слушнато. Ни раскажуваат дека ракот е неизлечива болест, а постојат толку многу случаи на луѓе кои оздравеле, што е неверојатно.Кога лекарите на Стаматис Мораитис – кој е грчки ветеран, во 1976 година му дијагностицирале неизлечив рак на белите дробови, тој се помири со фактот дека ќе умре. Девет различни лекари му кажале дека му останале шест месеци живот и дека веднаш би требало да почне со агресивен третман на хемотерапија. Со оглед на тоа дека тој не сакал да се лекува со хемотерапија, решил да се врати во родната Икарија, во Грција.
Нешто подоцна, се случило нешто неверојатно. Во самиот почеток, Стаматис бил во депресија и по цели денови бил во кревет. Еден ден, му се вратила желбата за живот и со оглед на сознанието дека му останало уште многу малку време за живот, почнал да биде активен. Секоја недела наутро тој се качувал на ридот на кој се наоѓа црква, во која неговиот дедо бил свештеник. Поминувал време со неговите пријатели и си мислел дека барем ќе умре среќен.
Поминале тие кобни шест месеци, но Стаматис не починал. Наместо смртта, тој посадил лозје и почнал да одгледува разни градинарски култури. Се будел рано сабајле и цел ден го поминувал надвор, на свеж воздух. Сам си подготвувал јадење, а навечер би одел во локалната таверна, каде што играл домино до доцна во ноќта.

Годините поминувале и тој бил сѐ поздрав. Ја проширил куќата, а годишно произведувал до 1500 литри домашно вино. Поминале цели 30 години и решил да ги посети лекарите, за да види што точно се случило. Кога се вратил од посетата на лекарите, испадна дека сите ги надживеал.
Наместо терапија, неговиот единствен чекор било преселувањето во Икарија. Мораитис починал кога имал 102 години, бил среќен и здрав. Починал од старост, а ракот целосно исчезнал.
Што се случило?
Луѓето мора да знаат дека на болниот човек не му е потребна толку медицината, колку што му требаат верата, волјата и враќањето кон природата. За здравјето е потребна регенерација на телото и духот. Местото во кое што Мораитис се има вратено, островот Икарија, е познат по здравата храна. Жителите на тој остров готово и не знаат за болести на срцето и ракот.
Маслиново масло, рукола, швајцарска блитва, јаглехидрати, леќа, леб од цели зрна, потоа зачините како што се оригано и магдонос, се одлични намирници коишто секојдневно се употребуваат. Исто така, таму не се јаде црвено месо толку често.
„Можеби немаме многу пари, но секогаш имаме храна на масата и се забавуваме со семејството и пријателите. Не брзаме сѐ да завршиме преку ден, па понекогаш работиме и навечер. А на крајот од денот не брзаме да седнеме на каучот и да гледаме телевизија, туку се дружиме и смееме“, велат жителите на Икарија.
Посебноста на животот во Икарија е тоа што никому не му се брза да живее. Сѐ што јадат и пијат луѓето го произведуваат сами. Пешачат и по 20 km на ден, а попладне се одмораат. Многу се смеат и дружат со семејството и пријателите. Пијат вино, но и многу чај. Живеат без било каков стрес. Бркањето за заработка не постои кај нив.

Рецепт за лекување, кој се темели на животот на Икарија
– Медитеранска диета. По можност, големи количества на сиров и домашен зелечнук. Исфрлете го месеото од употреба, или ограничете го на еден оброк неделно. Домашно маслиново масло, семиња, житарки. Домашен леб, овошје и зеленчук. Не заборавајте ја и рибата.
– Многу чај. Чајот има диуретски својства и има можност да го исчисти телото од отрови. По можност, најдете домашен чај.
– Одмор. Одморајте се ако сте уморни. Не присилувајте го својот организам на живот без сон. Луѓето кои попладне одмораат барем 5 пати неделно, имаат 35% помала шанса за добијат кардиоваскуларно заболување. Исто така, се намалува и хормонот на стрес.
– Бидете активни во природа. Шетајте, впијте ги Сонцето и зеленилото. Чувствувајте се корисно.
– Не брзајте никаде и ослободете се од стравовите и стресот. Дружете се со пријателите, семејството, бидете насмеани. Препуштете им се на убавините на животот. Живејте го животот и заборавете на болестите. Живејте како воопшто да ги немате, како да не постојат. Така живееше Мораитис и преживеа. Ги надживеа сите оние кои го убедуваа дека ќе умре.
Кога лекарите на Стаматис Мораитис – кој е грчки ветеран, во 1976 година му дијагностицирале неизлечив рак на белите дробови, тој се помири с

Пронајдете не на следниве мрежи: