Тинејџер силувач е сместен зад решетки откако брутално силувал 91 годишна жена во нејзиниот сопствен дом. Kriss Stracchan е лишен од слобода откако неговата мајка му наредила да се предаде во полиција.„Не можам да верувам што направив. Јас сум ѓубре“- им рекол Крис на полицајците.
На судот е кажано дека жртвата била активна и не зависна, а сега постојано вели дека сака да умре. Крис, од кој мајката се откажала, го призна силувањето на суд во Глазгов. Тинејџерот е во притвор, а пресудата треба да ја слушне следниот месец.
На судот е кажано дека Крис некој час пред нападот се пијанел со пријателите. Околу 7 часот наутро, тинејџерот кој живеел во близина но не ја познавал жртвата, одеднаш се појавил на вратата на старицата,а потоа и ја силувал.
Обвинителката Јана Франкерсон вели дека жртвата храбро се борела со напаѓачот, дека дури успеала и да го изгребе на лицето, удирала по ѕидот викајќи помош, но Крис и се заканил дека ќе ја убие ако не молчи.
Тинејџерот ја фатил престрашената жена за врат а потоа ја истепал и ја силувал. После тоа излегол од домот на 91-годишната жена.
Жртвата успеала да отиде до соседната куќа и рекла: „Ме нападна, силувана сум!“
Се јавиле во полиција, но жената била под голем стрес за да може да раскаже што точно се случило.
– Рече дека се чувствува валкано и се повеќе се повлекуваше во себе. Одеднаш на полицаецот му шепна „Само сакам да умрам“ – рече жената.
Исто така покажа дека се плаши од сите мажи, па замоли единствено полицајката да остане со неа.
Неколку часа по инцидентот, мајката на Крис слушнала дека во близина е силувана старица. Дознала дека напаѓачот носел зелена блуза, пред иста таква да пронајде на креветот дома.
Веднаш го разбудила синот и го соочила со фактите, а тој низ солзи рекол: „Жал ми е, сакам да се предадам“.
Побарала од син и веднаш да одат во полициска станица, но полицајците веднаш се нашле пред нивната куќа, па му рекла на синот да признае се што направил пред полицијата.
– Јас сум тој кој го барате. Сакам да се убијам. Не можам да верувам дека и го направив тоа на старицата. Јас сум ѓубре.
На судот е кажано дека мајката повеќе немала никаков контакт со синот и дека сите негови работи ги исфрлила од домот.
Обвинителката рекла дека жртвата после нападот била во добра физичка и психичка состојба, а живеела сама во својот дом веќе 40 години. Но сега толку се плаши од се, што морала да се пресели кај ќерка и. „Не можам да верувам што направив. Јас сум ѓубре“- им рекол Крис на полицајците.
На судот е кажано дека жртвата била активна и



