Навистина би била лага кога би тврделе дека Нутелата е одличен избор за започнување на денот. Колку и да е одвратна улогата да се биде гласник на лоши вести, време е да почнат луѓето да мислат на своето здравје и да им кажат „НЕ“ на ГМО производите.Кога точно се случи пресвртот во главите на луѓето, за да станат подложни на секакви влијанија, да бидат наивни и мрзеливи на момент да размислат пред да тргнат во потрага по својот примерок на тивок убиец кој ги труе од ден на ден?
Мајката од рекламата за Нутела силно се труди да ги убеди купувачите дека Нутелата е дел од здрав оброк, иако таа всушност не содржи ништо здраво. Секако дека сите состојки во Нутела не се нездрави и не содржат ГМО, но ние ќе ви наведеме само четири од нив.
Опасности од Нутелата:
Соја
Многумина ќе му се спротивстават на ова мислење, бидејќи азиските култури консумираат соја која често и веќе со векови е дел од нивните животи. Но, азиските култури консумираат многу мали количества на природно одгледувана соја.
Поконкретно, во овој случај станува збор за летицинот во сојата. Зошто? Затоа што тој е поврзан со тоа да предизвика тироидна депресија, неконтролирано зголемување на телесната маса, малаксаност, доцнење на менструацијата, прерано влегување во пубертет, рак на дојката. Не, летицинот не ви е пријател.
Шеќер
Шеќерот од генетски модифицираната шеќерна репка е познат и по тоа што е многу евтин, но и полн со пестициди т.е. изменет шеќер, кој нашето тело ниту не го распознава како шеќер. Таквите шеќери се нарекуваат невротоксини, поради нивната способност преку крвта да влезат во мозочната бариера и да предизвикаат смрт на мозочните клетки. Исто така, тие се поврзуваат со појава на ADD, ADHD, аутизам, депресија, мачнини, мигрена и слично.
Млеко во прав
Веднаш да ја исфрлите сликата од глава во која си замислувате зелена ливада и весели крави, бидејќи реалноста е далеку поинаква. Млекото доаѓа од болни крави кои се хранат со ГМО пченка, антибиотици и со што ли уште не, само за да се намалат трошоците за нивно одгледување и добивање на болно млеко.
Во конечниот продукт или белата течност без вкус од болните крави, се додава млеко во прав кое е полно со најопасниот тип на холестерол.
Ванилин
На амбалажата пишува без вештачки бои, но секогаш забораваат да ги спомнат вештачките вкусови, како ште е ванилинот. Ванилинот го лаже мозокот и ги тера луѓето да помислат дека јадат вистинска ванила. Мозокот е збунет, ванилинот ја добива битката и дејствува како невротоксин.
Исто така, ванилинот е опасен бидејќи предизвикува зависност преку поврзувањето со рецепторите во мозокот, предивикувајќи испуштање на серотонин и хормони. Уште една интересна работа е дека тој евтино се произведува во Кина и се базира на петролеј.Кога точно се случи пресвртот во главите на луѓето, за да станат подложни на секакви влијанија, да бидат наивни и мрзеливи на момент да размислат п



