Имале секс па сликите и ги објавил на Инстаграм, еве што се случило потоа…

Деветнаесетгодишниот А.Ш. заработи кривична пријава поради сторено кривично дело уцена и злоупотреба на лични податоци. Имено А.Ш. се товари за уцена на неговата девојка, на која на 13 овој месец и се заканил дека доколку не му исплати 5000 денари, ќе ги објави фотографиите со компримитирачка содржина на социјалната мрежа „Instagram” кои ги направил при сексуален чин помеѓу нив.  
Тој без нејзина согласност, истиот ден го отвори Инстаграмот, искористувајќи ги нејзините лични податоци, по што од оштетената на лажниот профил поставил дел од нејзина фотографија направена при сексуален чин.  Кога девојката дознала дека А.Ш. отворил лажен „Instagram” профил и поседува нејзини компромитирачки фотографии, се сретнала со него при што истиот физички ја нападнал, задавајки и удари во пределот на лицето и повторно и се заканил дека ќе ги објави фотографиите и видео клиповите со компромитирачка содржина доколку не му даде 5.000 денари.  Пријавениот на 14 овој месец по претходно телефонско јавување и упатени сериозни закани, од оштетената земал 3000 денари, по што повторно физички ја нападнал.
По преземени дејствија од страна Алфите пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Кисела Вода заедно со уште едно лице кое било со пријавениот при извршување на кривичните дела. Во ПС ОН Кисела Вода на пријавениот му е извршен преглед при што се пронајдени парични средства и мобилен телефон и истите се одземени, а врз основа на дадена усна наредба од судија за претходна постапка од ОСС Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени еден компјутер и повеќе ЦД дискови. Имено А.Ш. се товари за уцена на неговата девојка, на која на 13 овој месец и се заканил дека доколку не му исплати 5000 денари, ќе ги објави фотог

Пронајдете не на следниве мрежи: