Што се случува кога заборавено место станува идеално за развој на проституција? Писателот Сувид Дата, поминал девет дена таму за да го дознае одговорот. Судејќи според она што ќе го прочитате, ќе бидете среќни и задоволни од вашите животи.Сонагачи е област која се наоѓа во Северна Калкута, Индија.
Тесните улички кои се заградени со високи и распаднати бордели, заедно со шарените тезги, формираат збунувачки и шарен лавиринт.
Оваа област за проституција е втора по големина Азија.
Тука постои цела мрежа на организирани банди, трговци со луѓе и нивните жртви: ова е место каде што новинарите и аутсајдерите се загрозени од насилство, политичарите и полицијата се подмитени или соучесници, а се проценува дека 12.000 проституирани жени, кои често се на возраст под 18 години, секојдневно се силувани за една фунта.
Во текот на изминатите 30 години, оваа област расте во сенка. Државните и приватните иницијативи не успеваат да се справат со групите на ситни криминалци кои сега имаат авторитет и ресурси. Растечката културна стигматизација на оние кои се вклучени во криминалот, негува висок степен на експлоатација. Денес, сѐ помлади девојки стануваат жртви на трговија со луѓе во оваа област.
Сонагачи има менталитет на лицемерие, криминал и незнаење. Криминалците остваруваат голем профит дури и од локалните медиуми, кои се чини како да се прават слепи на случувањата.
Дата помина време со проституираните жени на возраст од 14 години, кои биле киднапирани кога оделе по пат кон училиште. Нивната отпорност, добрина и колективен дух го запрепастиле; но, во текот на ноќта, во темнината, од боредлите кои имаат решетки и наликуваат на кафез, може да се слушне нивното тивко и повеќечасовно плачење
Однадвор, полициските службеници се во тесна врска со водачите на бандите и тие понекогаш ги искористуваат своите ингеренции за да ги искористуваат овие беспомошни девојки.
До кога властите ќе бидат во немоќ да им помогнат на овие девојки?Сонагачи е област која се наоѓа во Северна Калкута, Индија.
Тесните улички кои се заградени со високи и распаднати бордели, заедно со шарен



