Кога во 1989 Сузан Хил се омажила за своето долгогоодишно момче Улнер Ли Стил, не можела ни да замисли коклу ќе и биде тежок животот со него. Сопругот со години вербално ја злоупотребувал, а по 10 години брак ја нападнал и физички. А нивниот син, кој тогаш имал 13 години, присуствувал и бил приморан да го снима злоупотребувањето со камера.За време на првите 40 мин од видеото, Улнер ја навредува Сузан, ја нарекува глупава и ѝ се заканува со физичко насилство. А потоа пчочнува да ја тепа цели 10 минути.
4 години откако е направено ова видео, Сузан се пријавила во шоуто на Опра Винфри и ја раскажала својата приказна. Тогаш собрала храброст да го напушти сопругот, кој е осуден на 36 години затвор поради злоупотреба на сопругата и загрозување на малолетниот син Дазман.
Од настанувањето на видеото поминале 10 години, а во емисијата „Where Are You Now“ на Опра, Сузан повторно се појавила со синот Дазман кој сега има 20 години. Дазман вели дека не разговарал со татко му откако со мајка му заминал од семејниот дом, nо смета дека треба да разговара со него за да ги расчисти работите.
„сакам да разговарам со него за многу работи. Размислував да одам да го посетам. Кога бев помал, не знаев за што да разговарам со него. Сега имам одредено мислење за него кое е оформено на основа на неговите постапки. Но не го познавам како човечко суштество и тоа ќе биде мојот следен чекор“, вели Дазман.
Тој вели дека тоа не значи дека ќе му прости на татко му за се што и правел на Сузан.
„Не велам дека се што сторил е во ред ниту пак дека сум му простил. Не знам ни дали можам да му простам се додека не го видам“, вели тој.
Сузан од друга страна, вели дека му простила на својот сопруг за да може да го пронајде внатрешниот мир.
„Ми требаше многу за да продолжам понатаму и да почнам повторно да го градам својот живот“, вели таа.
Дури и во текот на најлошите години од нивниот брак Сузан се надевала дека нивната врска ќе биде како не почетокот. Така размислуваат многу жртви на насилство.
„како жртва вие во одреден момент доаѓате до точка каде се чувствувате дека насилникот е многу посилен од вас. А тој ве уверува дека вие сте виновни за се. Тие не уверуваат дека ние сме проблемот. А никој не велгува во таква врска. Сите жртви на насилство влегле во врска со прекрасни личности. Затоа ние жртвите, секогаш се потсетуваме на добрите времиња“, објаснува Сузан.
Таа признава дека се плаши од денот кога нејзиниот сопруг ќе излезе од затвор, но и понатаму храбро се бори за подигање на свеста за семејното насилство.
За време на првите 40 мин од видеото, Улнер ја навредува Сузан, ја нарекува глупава и ѝ се заканува со физичко насилство. А потоа пчочнува да



