Преку ден Кети Лис (24) води успешна фирма за чистење. Но кога ќе падне мрак, таа ја симнува својата униформа и облекува секси шорц и краток топ, и се упатува во најблискиот ринг. Бидејќи нејзиниот афтер его Шардонe важи за многу ценета боксерка во Велика Британија, и се надева дека наскоро со своите боречки вештини ќе ја освои и Америка.Кети првата средба со борењето ја имала кога била девојче, гледајќи го постариот брат кој со своите другари се обидувал да ископира некои од движењата на телевизија.
Таа на напочетокот со овој спорт се занимавала во слободно време, но од тогаш напредувала многу и сега ја обиколува цела Британија и настапува на разни натпревари.
Од кога почнала да се бори Кети изгубила два заба, а во една приклика доживеала и потрес на мозок откакко удрула со главата на подот. Сепак, не се откажува и сега се подготвува за борба во родниот град Ворчестер.
Се надева дека ќе стане толку успешна што ќе го остави чистењето и дека ќе се посвети на својата вештина.
„Одлучив моето алтер его да се вика Шардоне затоа што тоа е нешто што не личи на мене. Не сакам аперитиви и тоа ми дава прилика да бидам поинаква личност. Смешно е, кога ќе влезам во ринг почнувам да се однесувам како дете деликвент“, вели таа.
Таа вели дека во овој спорт ја вовел нејзиниот брат, кој толку ја повредил додека вежбале што завршила во болница. Сепак, вели дека и покрај се борењето многу и се допаднало.
„Кога добив прилика пред пет години да пробам, беше неверојатно. Штом добив автомобил почнав да одам на тренинг секоја недела, и почнав да размислувам за алтер его“, вели Кети. Таа сега се надева дека ќе успее да ја освои и Америка, и тоа со полна поддршка од нејзината мајка Џеки која нема ништо против професијата на Кети.
„Ја гледав неколку пати и уживав. Луѓето слушнале само за американското борење, но и британското борење има добри стандарди“, тврди Џеки.
Кети првата средба со борењето ја имала кога била девојче, гледајќи го постариот брат кој со своите другари се обидувал да ископира некои од движењ



