Нивната работа (во теорија) не се разликува од работата на келнерките, но овие секси Австралијанки пијалокот го послужуваат во долен веш и од вечер можат да заработат и преку 6000 долари.Ги викаат „скимпис“, а 29 годишната Шеа која е во оваа „игра“ веќе цела деценија, тврди дека парите се најголемиот мамец за неа и тристотини други жени кои патуваат во Австралија и послужуваат рудари и фармери во зафрлените краеви на земјата.
„Поради парите ги трпиме сите тие с*ања. Основна цена е 1000 долари само да се појвиме во кафулето, но можете да заработите и до 5 илјади само од бакшиши“, раскажува Шеа која со уште неколку свои пријателки ќе се појави во документарниот филм „Skimpy“.
„Морате да се чувствувате пријатно и да бидете свесни за она што всушност сте.Се запознаваме со многу чудаци кои не зезаат поради некои свои лични проблеми. Морате да имате дебела кожа. Особено кога ќе се напијат “, вели Шеа и додава дека мажите често бараат екстра услуги:
„Тоа знае ги да одбие поголемиот број нови девојки кои такви нафрлувања не знаат да поднесат. Ќе се свртите и ќе се пошегувате, а ако некои типови станат преморбидни, ќе ги упатите во бордел“.
Шеа објаснува дека и требало неколку години да научи како критиката да не ја сфаќа сериозно и да ја развие самодовербата. „Еден тип еднаш ми плати 50 долари само да ја соблечам чевлата за да може да ми го фотографира стапалото, а некои од нив сакаа да ја купат мојата долна облека. Секогаш се случува нешто интересно, но се сеќавам и кога почнав да се занимавам со оваа работа. Понекогаш знаев да избегам во тоалетот да се исплачам само затоа што некој ми рекол нешто одвратно. Сепак, повеќето од гостите се пристојни, сакаат да поразговараат и да се насмеат со вас. Некои од нив поминале 60 дена во дивина, па уживаат кога ќе добијат можност само да разговараат со девојка“.
Режисерката на документарецот Мариел Томас поминала седум дена пат со Шеа и нејзините колешки. „Ме изненади кога видов дека тие се како дел од мебелот во тие барови, но она што многу сакам кај нив е што се откачени и паметни. Тие се девојки за забава па очекував клишеа и стереотипи. Повеќето од нив го прават тоа за да го отплатат факултетот или да си купат куќа“, нагласува Мариел. Шеа која наскоро ќе наполни 30, свесна е дека ова не е работа која може да ја работи вечно, но не е спремна во целост да ја напушти работата.
„Моментално студирам дизајн и имам на план да почнам да правам костуми за девојки кои се занимаваат со оваа работа. Па, ќе ги комбинирам двете професии“, заклучува Шеа.
На следниот ЛИНК прочитајте ја исповедта на Сара која го продава своето тело на улица: “Некој ќе плати, а некој ќе те измлати…“
Ги викаат „скимпис“, а 29 годишната Шеа која е во оваа „игра“ веќе цела деценија, тврди дека парите се најголемиот мамец за



