„Веќе подолго време ја барам јубилејната 50. жена. Нешто се одолговлекува. Не знам што да ви кажам. Чекам да дојде вистинската. Таа навистина мора да биде посебна и единствена“, вели Таиб Шеферовиќ.Тој одамна, уште пред смртта на Јосип Броз Тито, го добил прекарот Тито, бидејќи како што кажува, на секое место за него се зборувало со почит, во секој поглед, а најчесто во врска со жените. Познат е по тоа што се оженил дури 49 пати и има преку 50 деца.
– Жените се мојот животе. Прв пат водев љубов на девет години, а се оженив со Рашида на 11 години. Бев второ одделение на училиште. Првото дете го имав на 13 години – кажува Таиб, додавајќи дека Рашида била две години постара од него.
Вели дека не му е пријатно да ги именува поранешните жени, бидејќи повеќето денес имаат друго семејство. Сепак, се присетува на секоја, и кажува дека ниедна од нив не зборувала лошо за него.
– Живеев со три, четири жени. Тие меѓусебно беа полна со љубов. Не правев разлика. Во мојот живот официјално имав 49 жени, со кои се оженив и со кои живеев. На хартија, во општината, се запишани 11, но ние не се грижевме премногу за тие официјални работи – вели овој шармантен Ром.
Со Рашида бил 25 години во брак и имал 11 деца. Тогаш, тој вели дека „му тргнало”.
– Сфатив дека жените се мојот живот. Свирев на хармоника, од Триглав до Гевгелија. И многу подалеку, бев во Русија, Македонија, Германија и на север. Дома носев пејачки, келнерки. Тогаш бев во младите триесетти години и не застанував, не спиев. Низ мојот живот поминаа 5.000 жени. Можеби и 7.000, но да не претерувам – вели Таиб.
Тој има над 50 деца и 150 внуци. Негова неостварена желба е на едно место да ги собере децата и да поминат барем еден заеднички ден сите заедно.Тој одамна, уште пред смртта на Јосип Броз Тито, го добил прекарот Тито, бидејќи како што кажува, на секое место за него се зборувало со почит, во



