14 причини поради кои чувствувате умор – I дел

Дали некогаш се чувствувате изморено, иако и буквално не сте ја трошеле енергијата на непотребни активности? Во прилог ви донесуваме 14 причини поради кои чувствувате умор и имате потешкотии да ги држите очите отворени.1. Недостаток на сон
Можеби звучи очигледно, но многу е веројатно да спиете помалку отколку што треба. Ова може негативно да се одрази на здравјето и на Вашата концентрација. Возрасните лица треба да имаат од 6 до 8 часа сон секоја вечер.
Совет: Направете спиењето да Ви биде приоритет и држете се до редовниот распоред. Исфрлете ги лаптопот, мобилниот и телевизорот од Вашата соба за спиење. Ако сѐ уште имате проблеми, побарајте помош од доктор. Може да страдате од растројство во спиењето.
2. Не вежбате доволно
Ако имате благ замор кој не е поврзан со било каква медицинска состојба, решението може да биде во редовното вежбање. Истражувачите тврдат дека здравите, но уморни личности можат да добијат значаен прилив на енергија ако редовно вежбаат.
Совет: Возењето велосипед само 20 минути или пешачењето барем три пати неделно, значително ќе ви го подобри расположениото и ќе го победи заморот.
3. Не пиете доволно вода
Заморот може да биде и знак за дехидратација. Било да сте во теретана или работите канцелариска работа, на Вашето тело му е потребна вода за да работи добро и да одржува константна телесна температура. Ако сте жедни, значи дека веќе сте дехидрирани.
Совет: Пијте редовно вода во текот на денот за да Вашата урина е светло – пребоена. Пред да почнете со некоја физичка активност, напијте се една голема чаша вода. Потоа, низ процесот на вежбање (ако многу се потите) пијте вода во мали количини, како и уште една голема чаша вода откако ќе завршите со вежбите.

4. Не консумирате продукти кои содржат железо
Црвените крвни клетки – еритроцити, се потребни бидејќи тие го пренесуваат кислородот до ткивата и органите.
Совет: За анемија која е предизвикана од недостаток на железо, може да помогнат суплементите на железо и храната богата со железо како месото, црниот дроб, школките, гравот и збогатените житарици.
5. Вие сте перфекционисти
Копнеете да бидете совршени – да бидеме реални, тоа е невозможно. Тоа Ве тера да работите понапорно и повеќе од потребното, бидејќи си поставувате цели кои се нереални и тешки за постигнување
Совет: Ограничете си го времето за работните задачи и начинот на кој ќе ги извршите. Со тек на време, ќе сфатите дека дополнителното време кое сте го извдвојувале за вршење на работата, всушност не ја подобруваат работата.
6. Ги преувеличувате работите
Доколку секогаш го очекувате најлошото кога ќе ви се случат неочекувани работи, или се плашите дека ќе ви се случи несреќа кога ќе излете надвор – тогаш ја знаете едната од главните причини за умор. Овој вид анксиозност може да Ве парализира и ментално да Ве исцрпи.
Совет: Кога ќе ви надојдат овие мисли, дишете длабоко и запрашајте се себеси што е најлошото што би можело да се случи. Илегувањето надвор, медитацијата, вежбањето и споделувањето на Вашите грижи со најблиските, ќе Ви помогне подобро да се носите со ситуацијата и да станете пореални.
7. Го прескокнувате доручекот
Слабата исхрана може да предизвика замор, но и исхраната со погрешни продукти исто така може да биде проблем. Балансираната исхрана ќе ви помогне да го одржите крвниот шеќер во нормални граници и ќе го превенирате тоа непријатно чувство кога крвниот шеќер ви е паднат.
Совет: Секогаш појадувајте и вклучете ги протеините и комплексните јаглехидрати во секој оброк. На пример: јадете јајца со интегрален леб. Исто така дозволете си ужинки во текот на денот за да не ја изгубите енергијата.
Продолжува…1. Недостаток на сон
Можеби звучи очигледно, но многу е веројатно да спиете помалку отколку што треба. Ова може негативно

Пронајдете не на следниве мрежи: