Имено, анонимен донатор на сперма се заљубил во жената која роди негово дете преку вештачко оплодување, а вели дека почнал да се „топи“ кога за првпат ја гушнал својата ќеркичка.Скот Андерсен, фармер кој живее на еден остров во Австралија, беше избран како донатор од страна на Амина Харт, бидејќи особено ѝ се допаднал неговиот опис дека е среќен и здрав.
Гостувајќи во една емисија, парот ја раскажа нивната необична приказна.
Амина го откри неговиот идентитет преку пребарување на интернет, бидејќи веќе го знаела неговото име, но и тоа дека работи како фармер. Наместо само да го контактира, таа отишла кај него за да го запознае со неговата ќеркичка.
Иако тој не бил обврзан да ја запознае ќерката Лејла сѐ додека таа не наполни 18 години, Скот сепак прифатил да се запознае со неа веднаш штом ја видел нејзината фотографија, заклучувајќи дека неверојатно наликува на неговите четири деца од претходните два брака.
Тој се сложил да се сретнат во Мелбурн, само четири дена по првиот роденден на Лејла. Тој се заљубил во Амина, а сега веќе ја објавија нивната свршувачка.
– Кога станав донатор, помислив дека еден ден некој би можел да дојде и да ми чукне на врата. Да бидам искрен, не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо, но мило ми е што ги запознав Амина и Лејла – раскажа Скот.
– Помина извесно време до нашата втора средба, но тогаш Лејла го маѓепса Скот и почнавме редовно да се гледаме. На крај се роди нешто повеќе меѓу нас двајцата – вели Амина.
Скот призна дека веднаш се заљубил во своето дете.
– Тешко е да се опише тоа. Одеднаш, твојата ќерка седи пред тебе. Ја гледав и забележав колку неверојатно наликува на моите деца. Веројатно беше третата наша средба, кога Лејла дојде до мене и ме гушна. Тогаш почнав да се топам – вели гордиот татко.Скот Андерсен, фармер кој живее на еден остров во Австралија, беше избран како донатор од страна на Амина Харт, бидејќи особено ѝ се допаднал негов



