Лизи Холмс (24) родена е со хронична болест на нозете, поради што преживеала дури 36 операции. Само ден по венчавката со војникот Луис Џонџерсон се соочила со ампутација на ногата. Набрзо се долучила на ампутација и на другата нога бидејќи сфатила дека така конечо ќе ја победи болеста.Првата операција Лизи ја направила кога имала само 10 недели. Борбата со болеста и константните операции во еден момент станале претешки за Лизи, а сега со двете ампутирани нозе до колена вели дека била побрза од болеста.
Лизи не дозволила болеста да ја победи, а сега не дозволува ни хендикепшот да биде посилен од нејзе. Решила да се занимава со манекенство и се пријавила на првиот конкурс.
„Ова е нешто што го посакував многу долго бидејќи знам дека животот со протетички нозе ќе ми биде полесен: Се чувствувам неверојатно, повторно сум жива и слободна“, рекла таа.
Оваа судентка на универзитетот „The Open“ додава дека болката и понатаму ќе биде покрај нејзе, бидејќи додека оди нејзиниот рбет трпи голем притисок.
Но, ни болката нема да биде посилна од нејзе.
„Додека сум во форма и млада, можам да се прилагодам на нов начин на живот. Не сакам хендикепот да ме спречи во било што. Едвај чекам да почнам да се занимавам со мода, ќе биде одлично, и не ми е непријатно поради нозете“, додава таа.
Оваа девојка е родена со стапалата свртени на страна поради што трпела огромна болка. Примала дневни дози морфиум, а операциите само ја олеснувале состојбата.
Лизи одела на курс за медицинска сестра, но таа работа била премногу тешка за нејзе. Модната агенција ја примила веќе по првата пратена фотографија.Првата операција Лизи ја направила кога имала само 10 недели. Борбата со болеста и константните операции во еден момент станале претешки за Лизи, а



