Видео: Сите венчавки се романтични, но ОВАА е ПОСЕБНА

Сопруга на воен ветеран, параплегичар, знаела дека нејзината вечавка ќе биде посебна, но воопшто не насетувала што ќе се случи кога ќе дојде време за првиот танц.Мишел Џонсон не знаела дека пријателите на нејзниот сопруг, Џои Џонсон, му подариле посебен систем за поддршка со кој тој можел да стане и да игра на венчавката.
Кога невестата влегла во салата и го здогледала соругот на нозе, заплакала, а нивниот прв танц бил со песната „A Thousand Years“.
„Беше прекрасно да застанам повторно покрај него, беше како да ми се остварил сон“, рекла Мишел.
Таа додала дека не очекувала никакво изненадување бидејќи Џои не знае да крие ништо од нејзе. Ова изненадување го сокрил бидејќи било повеќе од важно се да се одвива според планот.
Овој пар се забавува од 2012 година, се запознале на музичко натпреварување, само неколку месеци пред Џои да доживее несреќа на мотор во која се здобил со тешки повреди на рбетот. Несреќата за жал ги обележала првите месеци од неговото враќање од војната мисија во Авганистан. Пострауматскиот стрес предизвикал скок на адреналинот за време на возењето, па несреќата била неизбежна.

„Нашето семејство преживеа многу работи, но Џои и понатаму е истата личност како и претходно, забавен и прекрасен“, вели Мишел.
Џои по несреќата научил основните реботи, како што е облекувањето и капењето, да ги прави на сосема поинаков начин.
Родени се на ист ден, 29 јуни, имаат исто презиме (и пред бракот), а венчавката била одржана на 28 јуни 2013 година, неколку месеци по веридбата.
Мишел Џонсон не знаела дека пријателите на нејзниот сопруг, Џои Џонсон, му подариле посебен систем за поддршка со кој тој можел да стане и да игра

Пронајдете не на следниве мрежи: