Секоја година трошиме 2,5 милијарди на лекови и медицински средства кои се купуваат без средства. Последните истражувања кажуваат дека многу од тие производи се потполно бескорисни, а од некои и само ние полошо. Ентони Кокс, клинички фармацевт од Универзитетот Бирмингем тврдат дека позади многу производи кои слободно се продаваат, се крие само желбата за профит.
„Фармацевтите би требало да пресанат со продажбата на производи, за кои практично не постојат докази дека се делотворни“, пишува во августовскиот број на „Журнал за фармација“.
Конкретно се мисли на:
Лекови против кашлица
Ако ве боли грлото или сте почнале да кашлате, логично, вие ќе отидете по некој лек кој би ви ги ублажил тегобите. Меѓутоа, скоро и да нема докази дека овие лекови ќе ви помогнат.
Д-р Тим Балард вели: „Не постојат докази дека овие лекови ќе ви помогнат да се намали должината на болестите“.
Доколку причината на вашата кашлица е вирусна инфекција, нема побрз начин да се ослободите од кашлицата – потребно е време да се исчисти вирусот од имунолошкиот систем.
Средства за отстранување на нечистотии во увото
Иако капките за уши содржат одлични состојки како што се хидроген и глицерол, тоа нема да ви помогне да ги отстраните нечистотиите.
Не постојат клинички докази дека овие средства помагаат во чистењето, не повеќе од водата која можете да ја ставите во уши.
Крема за смирување на чешањето по убодите и каснувањата од инсектите
Постојат над десетина креми за ублажување на чешањето и отокот, откако ќе ве касне некој инсект, но има малку докази дека тие ќе ви помогнат.
Кремата која содржи анастетици и антисептики, се само маргинално ефектни, судејќи по многуте истражувања.
Овие креми можат вашата кожа да ја направат уште почувствителна.
Антибактериски сапун и влажни марамчиња
Иако е вообичаено мислењето дека антибактериските сапуни не чуваат нас и нашето семејство од бактерии, доказите не покажуваат вака.
Повеќе од 4 децении истражувања на Американската агенција за храна и лекови, покрај бројните независни студии не дале докази дека триклосанот – активна состојка на антибактериските гелови, сапуни и марамчиња имаат предност над обичниот сапун и топлата вода.
Паста за избелување на забите
Иако овие пасти чинат три пати повеќе од обичните, повеќе од 40% луѓе ги користат овие пасти и веруваат во избелувачкиот ефект.
Овие пасти работат на база на избелување. Неодамна една група за грижа на оралното здравје се противеше дека не постојат студии, со кои се поткрепени тврдењата за избелување.
Некои од нив користат хидроген пероксид, како би се исчистиле дамките.
„Пастите во Европа според правилникот содржат максимално 0,1 хидроген пероксид, како би биле безбедни. Шансите дека таа количина ќе ви ги избели забите практично и не постои. Потребно се барем 30 пати толку“, објасни д-р Најџек Картер, шеф на британската Стоматолошка здравствена фондација, пишува „Дејли Мејл“. Ентони Кокс, клинички фармацевт од Универзитетот Бирмингем тврдат дека позади многу производи кои слободно се продаваат, се крие само желбата за пр



