Кериша Мерк (40) со години трпела болки во грбот, бидејќи поради хормонално пореметување имала абнормално големи гради. Оваа жена носела градник со величина 36NNN, кој не постои во редовна продажба. Градите на Кериша со текот на времето растеле, и на крај дознала дека секоја тежи по 7 килограми. Нејзините болки во градите и главата биле толку силни што таа помислила дека можеби се работи за симптоми на срцев или мозочен удар. Но, кога отишла на доктор, тој и објаснил дека причина за болката се нејзините големи гради. И дијагностицирале гигантомастија.
Се работи за хормонално пореметување поради што градите растат неконтролирано. Ова пореметување се дијагностицира откако масата на градите ќе надмине три проценти од комплетната телесна маса.
Поради ова пореметување, Кериша страдала многу. Не можела да се занимава со никакви физички активности, луѓето постојано гледале во нејзините гради и барале од нејзе а и ги допрат градите за да се уверат дека се вистинити.
Таа тврди дека морала да користи и леплива лента за да ги задржи градите на место. Иако со години размислувала за операција, на овој потег се одлучила дури пред да наполни 40 години, кога болката станала неподнослива.
Пластичен хирург од Бостон, ја извел операцијата и извадил скоро 7 килограми ткиво од нејзините гради. Тој изјавил дека никогаш во кариерата претходно не видел толкави гради.
„Градите навистина и висеа до колковите, и било како цело време на себе да носите три кошаркарски топки“, објаснува докторот.
Кериша по операцијата и понатаму има големи гради, но сега и е сосема доволен градник со големина DD. Докотор Роуз тврди дека со време би можел да и се искриви рбетот доколку навреме не ја направела операцијата.
„Кога дојдов дома, плачев. Како да ги оплакував, тоа беше како развод“, вели искрено Кериша. Но, сега се радува на својата иднина со нормални гради. Вели дека прво ќе купи убав градник, а потоа ќе оди во шопинг за да си купи фустан без прерамки.
Нејзините болки во градите и главата биле толку силни што таа помислила дека можеби се работи за симптоми на срцев или мозочен удар. Но, кога отишл



