Кога сопругот на Карен Маркс исчезнал во 2005 година, таа стравувала дека никогаш повеќе нема да го види. Адам Л. Мркс не опставил никаква порака, никогаш не и се јавил, едноставно исчезнал без објаснување.Карен со години го барала својот сопруг и конечно го нашла, девет години откако исчезнал. Тогаш открила дека се оженил со друга жена.
„Не можев да сфатам како повторно се оженил. Што направил со мојот идентитет?“, вели Карен.
Но тоа не било прв пат Адам да ја остави жена со која бил во брак. Не му било прв пат ни да ја напушти Карен. Карен го запознала Адам додека бил оженет.
„Ми велше дека ќе се разведе од нејзе, бидејќи ме сака мене и децата, и дека сака да бидеме едно големо среќно семејство“, вели таа.
Адам по некое време навистина се развел и по година дена на Денот на Вљубените се оженил со Карен. Но недолго потоа исчезнал, тогаш оставил порака.
„Кога прв пат ме напушти, мислев дека некој ми ги отворил градите и ми го откорнал срцето. Буквално ми рече дека повеќе не може да се бори со мене и моите деца.
Сепак по неколку месеци Адам се вратил.
„Тогаш му реков дека нема да го примам назад доколку го направи тоа уште еднаш“.
И тоа повторно се случило. Адам се спакувал и заминал, оставајќи ја сопругата во долгови.
„Сакав поторно да се вработам, но кога ме остави, сите мои планови пропаднаа“, вели таа.
За него не слушнала ништо цели 9 години, освен кога на кратко го сретнала на паркинг, каде му пришла и му побарала развод. И рекол дека ќе ја побара, но никогаш не се јавил. Токму кога мислела дека ништо не може да ја изненади, дознала дека повторно се оженил.
Сега на Адам му се суди поради бигамија, измама и давање лажни изјави при склопување брак.
Карен сака да се разведе од него бидејќи не сака да се гледа со друг додека не расчисти се со Адам.
„Сметам дека сум во брак. Микслев дека бракот трае до карајот на животот, во добро и зло, во болест и во здравје“, рекла Карен.Карен со години го барала својот сопруг и конечно го нашла, девет години откако исчезнал. Тогаш открила дека се оженил со друга жена.
&bdqu



