Како луѓето станаа религиозни?

Раѓањето на религии порано се објаснуваше со културниот развој или со факторите на опкружувањето, но ретко во обѕир се земаа двата фактори.Меѓутоа, новата студија сугерира дека религијата настанала со спојување на еколошките, историските и културните фактори, а може и како одбранбен механизам.
Тим на меѓународни истражувачи покажа дека во областите со недостаток од природни ресурси или оние во кои владееја големи политички немири, луѓето се посклони во верување во некоја повисока сила.
Тие додаваат дека луѓето прифатиле божества како поврзано ткиво на заедниците, затоа што така полесно опстојувале во негостопримливите делови од планетата. Што потешки услови, толку поголема веројатност дека ќе верувате во некое божество.
Студијата ја предводеше професорот Расел Греј од Универзитетот во Оукленд.
„Кога животот е тежок или неизвесен, луѓето веруваат во големи богови. Нашите истражувања покажуваат дека заедничката вера во некоја сила ги зголемува шансите таа група да се носи со тешките услови на живот и подобро да се прилагоди на опкружувањето“, вели тој.
Греј објаснува дека филозофите долго верувале како верувањето во Господ може да го намали чувството на вознемиреност и страдање, како и дека животот во суровите делови на светот често буди потреба за т.н. „космички авторитет“.
Раните истражувања ја покажале поврзаноста меѓу верите и божествата и соработката меѓу членовите на групата, но и доказите сугерираат дека и факторот на опкружување игра важна улога.
Тимот користеше историски, друштвени и еколошки податоци на 583 заедници ширум светот, земајќи ги во предвид нивната локација, растењето на билките и температурите.Меѓутоа, новата студија сугерира дека религијата настанала со спојување на еколошките, историските и културните фактори, а може и како одбранбен ме

Пронајдете не на следниве мрежи: