Стручњаците предупредуваат дека оваа навика е многу поштетна отколку што се мисли бидејќи само една цигара по јадењето има дејство како да сте запалиле 10 цигари. Системот за варење дејствува врз целиот организам, а на кислородот во крвта се врзува и никотинот.Иако многумина од нас можеби не се свесни дека некои навики што секојдневно ги правиме по јадењето можат да бидат многу штетни.
Доколку сакате да внимавате на своето здравје и линија би требало да ги послушате советите на стручњаците кои составиле листа од седум работи што никако не би требало да ги правите по јадење.
Пушење по јадење
Стручњаците предупредуваат дека оваа навика е многу поштетна отколку што се мисли бидејќи само една цигара по јадењето има дејство како да сте запалиле 10 цигари. Системот за варење дејствува врз целиот организам, а на кислородот во крвта се врзува и никотинот.
Овошје по јадење
Овошјето многу брзо се вари, а ако го консумираме веднаш по оброкот, тоа толку долго се задржува во желудникот така што почнува да скапува и да ослободува гасови, односно отрови кои меѓу останатото поттикнуваат создавање целулит. Значи, овошјето се јаде на празен желудник или два часа пред и по јадење.
Пливање по јадење
Во овој случај нашите баби и мајки биле во право, а стручњаците предупредуваат дека се однесува и за туширањето. Водата го поттикнува и го интензивира протокот на крв во целото тело што ѝ е потребно, но по оброкот крвта оди во желудникот каде што се одвива варењето, а не на места како рацете и нозете каде што по таквите нагли промени на температурата би требало да биде.
Откопчување на ременот по јадењето
Оваа навика сите ја правиме, но, всушност, со откопчувањето на ременот откако добро сме се најале може да дојде до заплеткување на цревата и до застој во варењето. Меѓутоа, постои уште една причина, а доведува и до дебелеење, бидејќи на тој начин секогаш ќе изедете многу повеќе.
Активност по јадењето
Иако сите мислат дека физичката активност по оброкот е добра работа, вистината, сепак, е малку поинаква. Имено, таквиот чин го попречува системот за варење кој апсорбира хранливи материи од внесената храна. Се препорачува многу лесна и пријатна прошетка, а посилни напори никако.
Спиење по јадење
Уште една стара изрека што се покажала точна. Лежечката положба никако не е природна, а со самото тоа ниту добра за варењето, па желудачните сокови не можат да ја извршат својата работа. Оваа навика може да доведе до желудачни проблеми.Иако многумина од нас можеби не се свесни дека некои навики што секојдневно г



