Научно истражување ја откри ШТЕТНОСТА на електронските цигари!

„Не постои такво нешто како безбедна цигара“. Ова е реченицата која се користи за да се опишат ментол, филтрираните и тенките цигари. Но тоа, исто така важи и за најновиот производ за пушачите: електронските цигари. Тие се широко распространети за корисниците и производителите ги нудат како сосема безопасна алтернатива за пушењето, но неодамнешните студии покажаа дека тие сѐ уште содржат мали честички кои можат да го иритираат белодробното ткиво и да предизвикаат болест.Современите електронски цигари се на располагање скоро една деценија. За разлика од традиционалните цигари, е-цигарите не согоруваат суви листови од тутун во кои има речиси 600 адитиви; од кои 69 се канцерогени. Наместо тоа, уредот загрева течен раствор (наречен е-течност) на никотин и вкусови, создавајќи аеросоли кои се вдишуваат за да се симулира физичката сензација на пушењето во процесот познат како „никотинско испарување“.
Подобрите модели на е-цигарите му овозможуваат на корисникот да го прилагоди напонот на батеријата, со што се регулира интензитетот на грејачот. Како што станува потопло, така се интензивира ефектот на „ударот“ на никотин. За жал, овие повисоки температури исто така влијаат на глицеринот и пропилен гликолот, кои се користат како растворувачи во е-течноста и кои се претвораат во карбонили кои ги има и во цигарите, како што се формалдехид и ацеталдехид.
Претходно оваа година, една студија покажа дека зголемувањето на напонот на e-цигарата од 3.2 V до 4.8 V, додека се користи e-течност – со двата растворувачи произведува речиси исто толку формалдехид како и кај традиционалната цигара. Додека човечкото тело произведува формалдехид како спореден производ од нормална метаболичка активност во клетките, се смета дека тој е канцероген кога се вдишува. Истата студија, исто така покажа дека при пониски напони, е-цигарата произведува и до 800 пати помалку формалдехид од една просечна цигара. Иако ова може да звучи многу побезбедно, големината на честичките од пареата и начинот на испорака во белите дробови, во голема мера влијаат на ризикот од болести.
Честички кои беа пронајдени во вдишениот чад од цигарите, имаат средна големина од 0,3-0,5 микрони. Тестирањето покажа дека честичките од е-цигарата имаат големина од 0,18-0,27 микрони. Околу 40% од овие честички можат да патуваат длабоко во белите дробови и да останат во алвеолите, каде што се случува размената на гасови. Дури и ако честичките сами по себе не се токсични, самата нивна големината ги оптоварува белите дробови и можат да предизвикаат болест.
Иако е-цигарите важат за малку побезбедни од обичните цигари, тоа не значи дека тоа е сосема точно. Како нивната популарност продолжува да расте, важно е да се разбере целосниот ризик кој тие го носат со себе, како за корисникот, така и за оние кои пасивно се изложени на пареата од е-цигарите.Современите електронски цигари се на располагање скоро една деценија. За разлика од традиционалните цигари, е-цигарите не согоруваат суви листови о

Пронајдете не на следниве мрежи: