Исполнета е последната желба на една жена, така што доби шанса уште еднаш да го види својот пријател, пред да почине. Шејла Марш (77) од Виган, Англија е долгодишна љубителка на коњи која се бори со ракот и неодамна е хоспитализирана. Лекарите и прогнозирале дека има уште малку време за живот.
Пред да умре, сакала да го види својот сакан коњ Бронвен за последен пат, пишува „Хафингтон Пост“.
Коњот го довеле на паркингот од билницата, а таа ги поминала последните неколку моменти со својот пријател.
Шејла Марш починала еден час после овој емотивна разделба.
„Беше многу блиска со Бронвен“, изјави Тина, ќерката на Шејла. „Го имаше 18 или 19 години“.
Иако нема многу сила во себе, таа собрала енергија за последен пат да зборува и да го погали својот миленик.
„Потребна и беше многу сила за да проговори на последниот ден од својот живот, но ја слушнавме кога го повика и го бакна“, раскажа Тина за локалниот лист „Wigan Today“.
„Коњот нежно се наведна и ја бакна во образ додека се поздравуваа“, изјави сестрата Гејл Тејлор.
Оваа 77-годишна дама имала многу миленици, а еден викенд пред смртта се поздравила и со своето куче. Шејла Марш (77) од Виган, Англија е долгодишна љубителка на коњи која се бори со ракот и неодамна е хоспитализирана. Лекарите и прогнозирале дека и


