Сексот наскоро може да стане само обична рекреација?

Професорот Карл Џераси (91), кој ги измисли контрацепциските пилули, верува дека до 2050 овие апчиња ќе станат излишни, со оглед на тоа дека се повеќе и повеќе луѓе користат вештачко оплодување, отколку природно зачнување. Тоа значи дека луѓето во иднина ќе ги замрзнуваат своите јајце клетки и спераматозоиди, а потоа ќе се стерилизираат, пишува „Дејли Мејл“.
Професорот Џераси, кој играше клучна улога во развојот на оралната контрацепција во 1951 година, вели дека третманите за плодност толку напреднувале, со што ќе се создаде „генерација на иднината“ во која луѓето ќе знаат да го контролираат времето за родителство, без последици.
Но, исто така може да значи дека сексот ќе стане залудна вежба, за оние кои сакаат да се „размножуваат“ и дека ќе стане обична рекреација.
Со разговор за „Сандеј Телеграф“, Џераси изјавил: „Повеќето жени кои ќе одберат вонтелесно оплодување( ин витро) во иднина ќе бидат плодни жени, кои ги замрзнале своите јајце клетки и ја одложиле бременоста“.
„Благодарение на генетскиот скрининг, предвидувам дека повеќето од тие жени ќе бидат оплодени со посредство на IVF методи. Кога тоа ќе се случи, вонтелесното  оплодување ќе биде нормален начин за добивање на деца“, додаде тој.
„За нив одвојувањето на секс од репродукција ќе биде стопроцентно“.
Досега се проценува дека околу 5 милиони жени добиле деца преку вонтелесно оплодување.
Тој се сомнева во  создавањето на машка контрацепциска пилула и тврди дека ќе биде потребно многу време за тестирање, за овој производ  да има комплетно влијание на сперматозоидите.
Научникот, кој сега се повлече од активното истражување, неодамна ја објави автобиографијата „Retrospect: From The Pull to the Pen“. Тоа значи дека луѓето во иднина ќе ги замрзнуваат своите јајце клетки и спераматозоиди, а потоа ќе се стерилизираат, пишува „

Пронајдете не на следниве мрежи: