Личностите кои имаат проблеми со прекумерена телесна тежина треба да внимаваат дали го земаат во доволни количини витаминот Д.Европското ендокринолошко здружение објавило водич кој се однесува на проценката, третманот и превенцијата за недоволното внесување на витаминот Д а дебелите луѓе се во посебен ризик поради помала физичка активност и недоволно излегување на сонце.
Експертите кои се занимаваат со значајниот витамин Д имаат поделено мислење во погледот на нивото на витаминот Д во организмот на дебелите личности.
Според препораките на стручњаците овие личности дневно би требало за земаат од 800 до 2.000 интернационални единици што е доволно за одржување на добрата состојба на здравјето. Овој витамин може да се надокнади и со капки или суплементи но вистински избор се намирницие.
Во доволни количини се наоѓа и во свежата морска риба, печурките кои се сушени на сонце, јајцата, млекото и др.
Витаминот Д е значаен не само за одржување на црвстината на коските туку и за функционирањео на имунитетниот и кардиоваскуларниот систем, превенцијата од малигните болести, метаболизмот, глукозата и сл. Здруженото дебелеење и ниското ниво на витаминот Д го зголемуваат кардиоваскуларниот ризик. Европското ендокринолошко здружение објавило водич кој се однесува на проценката, третманот и превенцијата за недоволното внесување на витаминот Д



