Робинзон Крусо од 21 век: Од ѓубре направил рајски остров!

Британецот Ришарт Сова (61), седум години го градеше својот лебдечки еколошки рај Џојгзи, кој се наоѓа недалеку од Канкун, Мексико. Овој уметник од Мидлбороу во Јоркшир, си го остварил сонот и единствено што му недостасувало е личноста со која би го споделил идиличниот живот на својот остров од 150.000 шишиња.Но, минатата година му се насмевнала среќата кога преку интернет ја запознал Џоди Болин (47) од Тенеси.
– Од секогаш го сакав својот живот на остров и уживав секој пат кога би ми се укажала шанса да им го покажам на другите. Но, сега ми е многу поубаво кога покрај себе имам драга личност со која можам да го делам својот живот во моето прибежиште, објаснува тој.
Иако се наоѓа на 30 метри од брегот и лежи на пластични шишиња наполнети со воздух, даски и песок, Сова тврди дека неговиот остров го има сето она што ѝ е потребно на една дама за да ѝ биде пријатно.
Куќата на три нивоа има две спални соби, кујна, вода за пиење, струја и има интернет пристап. Окружена е со палми и дрвја кои даваат разни видови на овошје. Ришарт дури и одгледува растенија.

– Јас сум вегетаријанец и на островот одгледувам различни видови на растенија со кои се хранам. Но, кога ќе посакам поразновидна храна, одам со велосипед до блиската продавница, објаснува тој.
Џојгзи е поврзан со брегот преку мал мост од 30 метри, а Ришарт од шишињата има направено и мал брод, во кој може да да се возат до осум луѓе.
Џојгзи е третиот рај од шишиња на Ришарт – претходните два ги уништија урагани. И покрај тоа, Ришарт не се откажа од својот сон.
Сега живее од својата музика и уметноста, а на туристите им го покажува својот приватен рај во замена за добротворни прилози.
Но, минатата година му се насмевнала среќата кога преку интернет ја запознал Џоди Болин (47) од Тенеси.
– Од секогаш го сакав својот живот

Пронајдете не на следниве мрежи: