Видео: Мајката црна, таткото црн, децата – потполно БЕЛИ!

Росамера Фернанда де Андраде (31) има три деца со црна боја на кожа и уште 3, чија коса и кожа се потполно бели. Кога бабицата ги донела белите деца со сини очи, Бразилката со африканско потекло мислела дека во прашање е грешка. Меѓутоа, лекарите објасниле дека таа и нејзиниот тогашен сопруг се носители на албино гени.
Оттогаш поминале 14 години,  а нивното семејство привлекува внимание, каде и да се појави.
„Луѓето не гледаат чудно кога сме заедно. Чуварот на еден трговски центар мисли дека само три деца се мои, а дека на останатите сум им дадилка. Некои мислат дека сум го изневерила поранешниот маж со белец“ – вели Росамера.
Додека Жоао (13), Ребека (5) и Марија (2) безгрижно играат во дворот, Рут (14), Естефани (12) и Кауан (9) можат да излезат надвор дури откако ќе се намачкаат со крема за сончање. 

„Нивната кожа нема природна заштита од сонце и се плашам дека еден ден би можеле да заболат од рак. Не ги пуштам од дома без капи или облека со долги ракави“ – објаснува Бразилката. 
Албино децата се често тажни, затоа што не можат да прават работи што ги прават нивните две сестри и брат.
„Во текот на летото, се чувствуваме како затвореници или вампири“- вели Естефани.  
Кога бабицата ги донела белите деца со сини очи, Бразилката со африканско потекло мислела дека во прашање е грешка. Меѓутоа, лекарите објасниле дек

Пронајдете не на следниве мрежи: