Ако забележувате ненадејно движење на такви пловечки честички, придружувани со блесоци од светлина и одеднаш почнувате да го губите видот, веднаш треба да посетите офтамолог. Не е необично откако ќе погледнете на бела површина (на пр. ѕид) да ви се појавуваат дамки, точки или разни лебдечки објекти, но треба да се загрижите при еден случај. Имено, лекарите кои работат за американската Академија за офтамологија, објаснија што се тоа темносиви точки или пак ситни дамки кои „лебдат“ пред вашите очи. Станува збор за промена во внатрешноста на окото. Предните две третини од очните јаболчници се исполнети со желатинеста маса наречена „vitreuos“, што во превод би значело стаклено тело.
Обидете се да се сконцентрирате на нив. Се работи за промена на стакленото тело, во кое доаѓа до појава на ситни честички, кои најчесто се составени од влакна од колаген. Тие честички лебдат по „vitreous“, попречувајќи ја светлината, која доаѓа низ зеницата и остава сенки на мрежницата и задниот дел од окото. Тоа што вие всушност го гледате се сенките.
Во овој случај обратете се на лекар
Ваквата појава може да сигнализира воспаление, крварење, исекотина или одвојување на мрежницата. Сите овие промени можат адекватно да се лечат , ако се забележат веднаш. Важно е да реагирате навремено.
Што е всушност стаклено тело?
Стаклено тело или vitreous ја исполнува потполно внатрешноста на окото. „Неговата улога е оптичка затоа што тоа е проѕирно и пропушта светлина, односно одржување на очната јаболчница. Се состо од 99 % вода, во која има разни нешта, како на пример протеинот витрезин. Изграден е од влакна и невидлив е за окото, освен во некои ситуации кога станува видлив и создава форми на цртички и точки, кои очигледно летаат пред нашите очи“, објаснуваат експертите. Не е необично откако ќе погледнете на бела површина (на пр. ѕид) да ви се појавуваат дамки, точки или разни лебдечки објекти, но треба да се загриж


