Со години била злоупотребувана во бракот: Не ме тепаше но…

Ројт Амит, американска мовинарка и писателка, ја споделила својата болна исповест за тоа колку долго била жртва на насилство во семејството. Иако партнерот никогаш не ја удрил – таа трпела насилство кое најчесто се занемарува, а тоа е вербално насилство. Нејзината исповед ја пренесуваме во целост.Колку пати се најдов на подот од неговата бања под него, чувствувајќи ја неговата топла плунка додека се дереше? Престани да плачеш како бебе. Ти си луда. Никој друг не би те трпел. Колку пати лежев на тој под, обидувајќи се да закрепнам од нападот на паника предизвикана од едн од неговите чести напади? Но  никогаш не ме удри.
Други жени
Колку пати се вовлекував во кревет, наместо во такси, за да се разбудам со неговата рака околу мене, велејќи ми дека јас сум го предизвикала тоа во него? Тој не беше таков. Јас го направив таков. Морав да го сменам пристапот со тие работи. Помалку да го обвуинувам. Колку пати го променив пристапот пред да сфатам дека  единствениот начин да го избегнам злоупотребувањето е воопшто да не го спомнувам тоа?  Но никогаш не ме удри.
Колку пати ми рече дека оди на вечера со клиенти, дека не го слушнал телефонот, а всушност бил со друга жена. Колку пати ги игнорираше моите повици следното утро преправајќи се дека ништо не се случило. Видов дека ужива во таа моќ. Колку лаги им кажа на моите поранешни колеги кога го напуштив. Колку пати го валкаше мојот углед, колкку пати му се враќав, верувајќи во ветувашата дека е нов човек.
Одалечување
Моето одалечување значеше дека не можам повеќе да се гледам со туѓи очи, поради што за себе сметав дека изгледам нормално. Можев  само да го видам одразот во неговите очи  и верував во она што тој ми го велеше за мене. Почнав да им верувам на ирационалните објаснувања и покрај сопственото срце и очите. Му дозволив да ја дефинира реалноста. И стана полесно да ги отурнам оние кои ме сакаат и поддржуваат, отколку да ги лажам за се. Потоа и да се соочам  со понижувањето на  на мојата реалност. Дел од мене знаеше  дека откако тие ќе дознаат што всушност се случува, ќе ме натераат да се тргнам од него. Не би можела да се вратам.

 
Кога се беше готово, не ми беше дозволено да  го жалам. Никој не можеше да разбере како љубовта, омразата, стравот и конфорот можат  да постојат истовремено. Не рзабираа дека не го изгубив само човекот кој ме злоупотребуваше, туку и некој кому му се доверував, некој со кој правев  вечера, со кого гледав тв, со кого се смеев, некој кој ме знаеше. Како да објаснам дека злоупотребувањето беше само дел од она што тој всушност беше?

Има денови кога се потсетувам на нежност
Се уште има денови кога ќе се сетам на нежни моменти, и се прашувам дали сето тоа навистина беше толку лошо. И понатаму се мачам да сфатам како можеше да ме сака до работ на солзи, а сепак да ме повреди како непријател. Како дете, повторно ги учам границите на нормално однесување. Се потсетувам себе си дека чинот на насилство не може да биде чин на љубов.
За прв пат во својот одраз гледам жена која се изградила од длабочините на темнината. Во тоа најверојатно ми помогна фактот дека не сум сама, дека други поиминале низ тоа, а приказните на тие жени ми помогнаа да продолжам и да сфатам дека заслужувам подобро. Долго време не верував во тоа.Колку пати се најдов на подот од неговата бања под него, чувствувајќи ја неговата топла плунка додека се дереше? Престани да плачеш како бебе. Ти с

Пронајдете не на следниве мрежи: