Австаралискиот актер Семјуел Џексон поминал повеќе од 15.000 километри на унницикл за да собере пари за истражување на ракот на дојката. Овој предизвик му го поставила неговата сестра Кони која има терминален рак на дојката, и која на овој начин сакала да му помогне на братот да го пронајде својот пат, но и да им помогне на многу жени ширум светот. Семјуел успеал да собере 1,9 милиони долари.Актерот кој се прослави со улогата во австралиската серија “Secret Life of Us” вели дека станал подобар човек поради неговата сестра. Кога Кони ја добила страшната дијагноза, таа одлучила да направи кампања „Сакај ја својата сестра“ во рамките на која планирала да собере милион долари за истражување на оваа подмолна болест, но и да го спаси својот брат.
„Кони ја осмисли оваа кампања не само за да ја подигне свеста кај луѓето за оваа болест, туку да ми помогне и мене да излезам на вистински пат пред да умре. Тоа беше нејзиниот обид да ме поправи“, вели актерот.
Откако неговата девојка се убила во 2006 година, Самјуел страда од депресија и зависности. Токму во периодот кога бил во нјмрачниот перод од животот, на Кони и рекле дека ракот од дојката се проширил на црниот дроб и колената, и дека и нема спас.
„Одсекогаш бев нејзиниот проблематичен брат и претпоставувам дека не ми беше баш најдобро кога го слушнав тоа. Тогаш бев изгубен, а нејзината дијагноза како да ме разбуди и таа беше одлучна да ми пронајде причина за малку среќа во животот“, вели Семјуел.
Додека растеле, тие двајца биле многу блиски. Заедно пребродиле многу работи отколку повеќето луѓе. Откако нивната мајка се убила додека биле мали, на Кони и бил дијагностициран агресивен тумор на мозокот кога имала 11 години, но 23 години и бил пронајден тумор во матката. Кога успеала да се избори со ова, пред 4 години докторите и рекле дека има рак на дојката . Иако се обиделе да и помогнат, подоцна откриле дека ракот се проширил по целото тело.
„Моите спомени од детството почнуваат кога ми беше соопштено дека таа има рак. Всушност не се ни сеќавам кога таа не се борела со рак. Тоа и го одреди целиот живот. По години поминати во борба, и беше кажано дека сепак ја изгубила битката по толку време. За среќа, Кони одсекогаш го сакаше животот. Штом дозна дека е терминално болна, одлучила дека сака да им помогне на другите жени за да не поминуваат низ тоа што таа поминала“, вели актерот.
Кони има 37 години, и зад себе ќе остави две мали деца. Таа ја осмислила кампањата „Сакај ја својата сестра“ за да ја подигне свеста за оваа болест, и за да собере пари за истражувањето.
Самјуел го соборил светскиот рекорд кога поминал повеќе од 15.000 километри по Австралија на уницикл за помалку од година дена. За време на кампањата собрал повеќе од 1,9 милиони долари, пари кои ќе бидат вложени во борба против рак на дојката.
„Сега имам желба за живот, повторно сум љубопитен и многу суѕм оптимистичен. Станав подобра личност поради болеста на сестра ми“, заклучува Семјуел.Актерот кој се прослави со улогата во австралиската серија “Secret Life of Us” вели дека станал подобар човек поради неговата сестра. К



