И покрај тоа што сидата и до ден денес е смртоносна болест, сепак може да се контролира за да не се зарази некоја личност. Погледнете кои 10 симптоми спаѓаат во првите кога станува збор за препознавање на оваа смртоносна болест.Сидата се појави во САД во 80-тите години и тоа беше смртоносна болест за секого кој би се заразил од неа. Сидата и до ден денес е неизлечива болест, но за среќа може да се контролира.
Ова се десетте симптоми кои укажуваат на тоа дека можеби некој има ХИВ инфекција:
Покачена температура
Станува збор за благо зголемена температура која е пропратена со болки во грлото, потечени жлезди и замор. Овие симптоми се слични на оние кои ги чувствувате кога имате грип.
Замор
Од енергична и активна личност, заболениот може да стане некој на кого ќе му биде тешко дури и да се качи по скалите. Кратките прошетки можат да ги доведат и до тоа да загубат здив.
Осип
Осипот може да биде розикав и да предизвика чешање. Исто така, може да се појави на било кој дел од телото. Доколку не може лесно да се одреди, не би било лошо да се направи тестирање.
Проблеми со стомакот
Мачнината, повраќањето и диарејата би можеле да се јават во раните фази од болеста. Помеѓу 30-60% од заразените ги имале овие симптоми.
Слабеење
Драстичното слабеење е многу чест симптом на оваа болест и обично се случува во доцната фаза од равзојот на болеста.
Сува кашлица
Ова е еден од првите симптоми дека некој е заразен. Кашлањето трае со месеци и не престанува, посебно кога заболениот зема вообичаена терапија.
Инфекции
Со оглед на тоа дека имунолошкиот систем е ослабнат, доаѓа до појава на бројни инфекции, како на пример, херпес.
Ноќно потење
Околу половина од заразените страдаат од ноќно потење.
Проблеми со меморијата и концентрацијата
Овој симптом обично се појавува кога ќе се развие болеста. Сериозните симптоми, како што е деменцијата, би можеле да одат заедно со слабата меморија и раздразнетоста.
Слабост и пецкање во екстремитетите
Исто како и кај дијабетесот. Вкочанетоста и пецкањето во рацете и нозете можат да бидат знаци и за невролошки проблеми.Сидата се појави во САД во 80-тите години и тоа беше смртоносна болест за секого кој би се заразил од неа. Сидата и до ден денес е неизлечива болес



