Криеле СТРАШНА ТАЈНА еден од друг: Најмногу стравувавме за своите деца

Хелен Вилијамс (41), од Гровендејл во Австралија, криела од нејзиниот сопруг Дерек дека забележала грутка на дојката, а тој од неа криел дека има рак на дојката. Имаат две деца и прво се загрижиле за нив, па после за себе.Тие веќе 18 години се заедно и имаат две синчиња, Стивен (11) и Даниел (8).
– Нашиот однос од секогаш беше близок и Дерик е мојата поддршка. Но, не сакав да се грижи без потреба сѐ додека не ги дознаам резултатите. Но, сепак му раскажав што открив додека ги чекав резултатите од биопсијата. Кога му соопштив дека имам грутка на дојката, тој веднаш ме гушна и ми стана подобро – рече таа.
Но, тогаш следел шок – Дерек ја зел нејзината рака и ја ставил на својата дојка, велејќи дека и тој се соочува со истиот проблем.
– Бев шокирана кога ми рече дека и тој има рак на дојката. Но, знаев дека тоа не е невозможно, затоа што и мојот дедо имаше рак на дојката, како и мојата мајка и тетка ми – додава Хелен.
Тие веднаш помислиле на нивните деца.
– Им бевме потребни на нашите момчиња. Како ќе живеат без нас ако и двајцата имаме рак на дојката? Но, кога отидов по резултатите, дознав дека имам само обична циста. Се чувствував среќно што сум добро, но во исто време чувствував вина зашто мојот сопруг имаше рак на дојката. Кога му реков, тој се почувствува олеснето и ми рече дека заедно ќе ја пребродиме неговата болест – раскажува таа.
Дерек направи мазектомија на левата дојка, бидејќи тоа беше најсигурниот начин за правење на операцијата.
– Ми беше тешко да поверувам дека тој направи операција која најчесто се врзува за жените. Нашите пријатели беа шокирани што воопшто има рак на дојката. Сепак, најбитно е тоа дека процедурата беше успешно извршена и дека ракот со обем од 4 cm беше изваден од неговата дојка – вели Хелен.
Тестовите откриле дека ракот напреднал до трет стадиум и дека е од агресивен вид. Да почекаше уште малку, Дерек би го чекала фатална судбина.
По година дена хемотерапија и радиотерапија, Дерек се чувствува добро. Тестовите не покажале никакви знаци на рак.
– Сега сум среќна што сѐ е во ред. Дерек и јас станавме дел од фондацијата „McGrath“ и го споделуваме нашето искуство за да ја кренеме свеста кај другите луѓе, посебно кога станува збор за рак на дојка кај мажите – вели Хелен.Тие веќе 18 години се заедно и имаат две синчиња, Стивен (11) и Даниел (8).
– Нашиот однос од секогаш беше близок и Дерик е мојата поддршка

Пронајдете не на следниве мрежи: