Фактот дека ова е еден од популарните рецепти за сок, треба да биде доволен за вас да го пробате овој лесен и освежителен пијалок. Освен тоа, ќе добиете дополнителна енергија по неговата консумација. Антивоспалителни, алкални и антиоксидантни својства, се само некои од придобивките што ги нуди овој напиток.Краставиците се богати со силициум, минерал кој го поттикнува растот и го одржува сврзното ткиво, како што се колагенот и еластинот. Целерот е познат по својата способност да го намали воспалението, а исто така делува и како природен диуретик. Ѓумбирот е од корист поради своите антивоспалителни и антиканцерогени својства.
Во продолжение погледнете го рецептот за да го подготвите овој напиток за алкализација.
Состојки:
1 литар вода
1 краставица
ѓумбир (со големина од 2 cm)
прстофат магдонос
3 стеблеца целер
1 лимон
Подготовка:
Состојките ставете ги во блендер и уживајте во благотворноста од овој напиток!
Би можело да ве интересира: Со алкален напиток против ракот!Краставиците се богати со силициум, минерал кој го поттикнува растот и го одржува сврзното ткиво, како што се



