ТРИ СЕСТРИ НАВЛЕЧЕНИ НА ХЕРОИН: Прво на што помислуваме наутро е да се издрогираме!

Родените сестри им дозволија на камерманите од емисијата „Доктор Фил“ да снимат како изгледа еден ден од нивните животи, додека на улица купуваат хероин и се дрогираат.Три сестри не можат да го замислат животот без дрога, а најстарата од нив дури почнала и да се проституира за да има пари за хероин.
Валин (27), Аманда (25) и Тифани (22), биле одлични ученички и деца за пример. Сѐ тргнало наопаку кога влегле во светот на дрогата.
Тие им дозволија на камерманите да снимат како изгледа барем еден ден од нивните животи. Дури и нивните родители – Линда и Рич, се појавуваат во шоуто за да се соочат со ќерките наркоманки, поради што се распаѓа нивното семејство.
Валин била најпопуларна девојка во школо и планирала да се запише на факултет. Средната сестра Аманда сакала да стане забар, додека Тифани се занимавала со атлетика.
Но, некаде по пат се изгубиле и паднале во канџите на хероинот, кој стана нивен избор и работа која ги поврзува.
„Кога наутро ќе се разбудиме, прво на што помислуваме е да се издрогираме“, изјави Валин.
Видеото ги прикажува трите сестри како влегуваат во автомобил и заминуваат да се најдат со дилерот на Валин.
Со дрога во рацете, трите сестри брзаат дома за да се издрогираат. Но, Валин не може да чека и зема хероин уште во колата. Тифани, која скоро излезе од затвор по четври пат, изјави како става хероин во ногата, бидејќи вените на рацете ѝ се уништени.
„Тоа е магичен круг на бедата“, изјави Тифани.
Нивната мајка Линда, која исто така била зависник, рече дека ѝ се гади од нив.
„Не можам да ги гледам, затоа што ги мразам. Тие ме понижуваат.“
Поради дрогата, најстарата сестра почнала да има секс со постари мажи за да може за себе и за сестрите да обезбеди хероин. Сепак, видеото завршува со трошка надеж, кога д-р Фил им понуди да ги прати на одвикнување, под услов да бидат сместени во три различни клиники за да не бидат во контакт.Три сестри не можат да го замислат животот без дрога, а најстарата од нив дури почнала и да се проституира за да има пари за хероин.
Валин

Пронајдете не на следниве мрежи: