Медиумите ширум светот, последните неколку денови пренесоа уште една приказна од многуте кои содржат теми за скандалозни љубовни врски помеѓу учениците и нивните наставници и професори. Во центарот на скандалот се најде наставничката Лусита Сандовал од Аргентина.Медиумите пренесоа дека ѝ се заканува отказ поради скандалот што изби веднаш штом нејзиниот 16-годишен ученик, со кој го снимила сексот, ја споделил снимката со пријателите преку WhatsApp.
Но, тогаш се случи неверојатен пресврт! Се испостави дека видеото е најобична измама, пренесоа аргентинските медиуми.
Освен што дотичната наставничка не постои, видеото претставува нечија аматерска порно снимка и не станува збор за секс со малолетно лице.
Еден аргентински портал го истражи случајот со појавата на видеото во кое се гледа како ученикот и наставничката која наводно се вика Лусита Сандовал од градот Сантијаго дел Естер имаат односи и откри дека таква жена не постои.
Трагата ги одведе до фактот дека станува збор за обична приватна аматерска секс-снимка.
Жената во видеото не е Лусита Сандовал, туку девојка од аргентинскиот град Кориентес. Погрешна е дури и информацијата дека снимката го прикажува малолетниот ученик, бидејќи во неа е прикажан студент, односно полнолетно момче.
Погрешна беше и информацијата дека божемната наставничка веќе неколку пати се наоѓала пред дисциплинска комисија поради недоличните односи со учениците.
Значи, единствена вистинита работа во целата приказна е дека снимката заврши на порно страниците преку нејзиното споделување на WhatsApp.Медиумите пренесоа дека ѝ се заканува отказ поради скандалот што изби веднаш штом нејзиниот 16-годишен ученик, со кој го снимила сексот, ја сподели



