Злосторството на ова момче е толку морничаво што го осудиле на доживотна робија

Вил Корник (16) ученик во католичкото училиште во Лидс, кој минатата година на час со нож ја прободел професорката по шпански Ен Мегваер (62), добил затворска казна во траење од најмалку 20 години, со напомена од судијата дека момчето можеби нема никогаш да излезе од затвор. Судот тоа го објаснил со суровоста на злосторството, тарумата која Корник ја предизвикал кај учениците кои го гледале убиството и со тоа што не покажува ни најмал знак на каење.Британскиот дневник „Independent“ наведува дека на Корник пред злосторството сите од окружувањето гледале како на типичен тинејџер, иако ова момче за време на минатогодишните божиќни празници преку Фејсбук праќал пораки во кои најавувал дека сака да ја убие Мегваер во училница.
Според зборовите на Пол Грини, Корник сакал да биде фатен и „остатокот од животот да го помине во затвор за да не мора да се грижи ни за животот ниту за пари“, во што и успеал.

Професорката која била сметана за „мајка на училиштето“ во кое поминала четири децении и била пред пензија, Корник ја пробол со нож седум пати во вратот и грбот додека учениците врескале, за потоа да седне и рече дека било штета што жртвата не почиача веднаш.
По злосторството на психијатрите им рекол дека го „з*боле“ поради тагата која ја предизвикал кај семејството на жртвата.
„Знам дека ќе бидат вознемирени и баш ми е гајле. Што се однесува до мене, се што сторив е сосема во ред“, рекол малолетниот убиец.
Иако ни семејството на Короник ниту вработените во училиштето не виделе никакви знаци за она што ќе се случи, неговите другари знаеле дека момчето почнало да се мнува откако на 12 годишна возраст му е дијагностициран дијабетес. Тогаш сфатил дека нема да стане професионален војник како што сакал и почнал да си нанесува помали повреди и да краде од дома, но на училиште бил примерен.

Со Мегваер влегол во конфликт кога му забранила да оди на излет со училиштето затоа што не напишал домашно. Други ученици велат дека професорката по шпански, кон која Корник од тогаш покажал одбивност, кон него се однесувала исто како и со останатите ученици.
„Таа вистинска е*ена кучка заслужува повеќе од смрт, повеќе од болка и повеќе од било што друго“, му рекол Корник на својот другар два месеци пред убиството.
Сепак, изгледа дека никој не верувал дека Корник би можел навистина да направи злосторство. Подоцна излегло дека тој го планирал убиството со месеци и дека дури планирал да го прослави со виски кој го внел во училиштето.

Иако страда од отежанато прилагодување во ситуации има и елементи на психопатолошко однесување, сепак ментална состојба на Корник не е земено како нешто што би можело да ја ублажи стравичноста на злосторството. Убиството на Мегваер предизвикало национална тага во Велика Британија и покренало расправа за безбедноста во училиштата.Британскиот дневник „Independent“ наведува дека на Корник пред злосторството сите од окружувањето гледале како на типичен тинејџер, иак

Пронајдете не на следниве мрежи: