Она што не го кажале никому, го признале на Твитер: Тие преживеале едно од најстрашните искуства

На Твитер стана популарен хаштагот #BeenRapedNeverReported (Бев силувана, но не пријавив),кој го покрена Антонија Зебисајс за да ја поддржи Луси Декоутер, една од деветте жени кои го обвинуваат Џијан Гомеш за сексуално злоупотребување.Луси е една од двете жени кои јавно истапиле, додека останатите сакаат да останат анонимни. Затоа Антонија Зебисајс одлучила да ја поддржи Луси со хаштагот #BeenRapedNeverReported.
Кога започнала со ова, Антонија и сама признала дека „била силувана (повеќе од еднаш) и дека тоа не го пријавила“.
„Кога сите жени кои биле силувани би истапиле да ја споделат својата приказна, би ја тргнале стигмата која кружи околу тоа“, напишала таа.
Други жени набрзо се придружиле со своите твитови. Ова се само некои од нив
„Тешко ми е да признаам дека се пронаоѓам во оваа група. Бев толку близу ништо да не напишам“, напишала Ен.

„Силувањето е ужасно искуство. Пробав да го прикријам, а се обвинував и себе си- тоа е она што е најлошо“, напишала Китипоет.
„Веќе го изгубив своето достоинство, својата невиност и својата вредност и бев уплашена, бидејќи не сакав да изгубам и повеќе од тоа“, напишала Габриел Милер.
„Момчето се обиде да ме слува, но мојата цимерка се појави. Им благодарам на сите за својата искреност“, напишала Сузан Сван.
„Црнкињите ретко кога пријавуваат силување, бидејќи ова општество мисли дека ние не можеме да бидеме силувани“, напишала Персефон Џонс.
„Доколку сте нервозни и размислувате дали да твитувате, ве разбирам дека е ужасно, но во истовреме е и силно и осолободувачко. Ослободете се од срамот“, вели Надин.
Помеѓу оние кои твитувале се и многу мажи кои одлучиле да им пружат поддршка на овие храбри дами. Меѓу нив се наоѓа и коментарот на писателот Нил Гејман.
„Тешко е да се чита овој хаштаг. Срам ми е што сум човек, а поготово што сум маж“, напишал тој.Луси е една од двете жени кои јавно истапиле, додека останатите сакаат да останат анонимни. Затоа Антонија Зебисајс одлучила да ја поддржи Луси со

Пронајдете не на следниве мрежи: