Супата која се прави со бел лук, црвен кромид и мајчина душица има таква моќ што може да го победи вирусот на грипот, настинката па дури и новиот зимски вирус со кој следува повраќање, дијареа, температура, главоболка и грчеви во желудникот. Антибиотициоте и другите лекови повеќе „не палат“ толку многу бидејќи вирусите и бактериите од ден на ден се се поотпорни и посилни.
Тоа што е супер кај белиот лук е тоа што на него не влијаат мутирањата , промените и новите вируси – тој успешно се бори со сите нив. Тоа се случува поради хемикалијата „алицин“ која докажано го намалува холестеролот и крвниот притисок и го спречува запушувањето на крвните садови.
Кога ќе згмечите едно чешле бел лук се ослободува алицинот кој заедно со другите состојки ги убива штетните организми како вируси и бактерии кои предизвикуваат настинка, грип, воспаление итн.
Ние ви го претставуваме рецептот за лековитата супа од бел лук
5 исчистени главици бел лук
2 лажички масло
2 лажички путер
2 лажички маслиново масло
2 поголеми црвени кромиди, сецкани
1 лажичка сецкана свежа мајчина душица
6 шолји (од 250мл) пилешка супа
3 шолји стар леб исецкан во коцки
1 шолја масна павлака
Еве како да ја подготвите супата…
1. Загрејте ја печката на 180 С. Отсечете ги врвовите на белиот лук. Така подготвениот бел лук полијте го со маслиново масло и замотајте го во алуминиумска фолија. Печете го сето тоа во рерната 90 минути. Оставете да се олади.
2. За тоа време загрејте ги 2-те лажички маслиново масло и путер во тренџерето на средна температура. Динстајте го црвениот кромид некои 10 минути. Потоа земете го белиот кромид и ставете го со динстаниот црвен кромид. Измешајте, додајте исецкана мајчина душица, пилешка супа и ставете некој зачин.
3. Намалете ја температурата, додајте неколку парчиња леб и оставете се да прокрчка некои 5 минути додека лебот не омекне.
4. Добиената супа миксајте ја во блендер додека не добиете полукремаста смеса. Вратете ја во тенџерето па ставете обична павлака или павлака за готвење.
Посолете ја и забиберете ја по своја желба.
Нека ви е на здравје!Антибиотициоте и другите лекови повеќе „не палат“ толку многу бидејќи вирусите и бактериите од ден на ден се се поотпорни и посилни.



