Еве што може да предизвика РАБОТЕЊЕТО ВО СМЕНИ!

Последиците од работењето во смени се прерано стареење на мозокот и намалена интелектуална способност, предупредуваат научниците. Студијата на француските и велшките експерти објавена во магазинот “Ocuupational and Enviromental Medicine”, сугерира дека лицата што со децении работат во смени кои се спротивни на природниот дневно-ноќен ритам на организмот имаат шест и пол години постар мозок од своите врсници, пренесува BBC.
Штетните последици од работењето во смени спротивни од биолошкиот телесен часовник добро се познати, од влијание на развојот на ракот на дојката до прекумерна тежина. Сега научниците од универзитетите во Свонси и Тулуз одлучиле да ги истражат последиците од таквите промени врз мозокот.
Три илјади луѓе учествувале на тестовите на памтење, брзо размислување и другите когнитивни способности.
Прочитајте поради какви се причини луѓето кои добиваат отказ од работа!
Мозокот природно назадува со годините, а работењето во различни смени го забрзува тој процесутврдиле научниците, откако луѓето што подолго време работеле во смени на испитувањето имале исти резултати како и луѓето што биле шест и пол години постари од нив.
Добра вест е, велат научниците, што по завршувањето на сменската работа мозокот закрепнува, но за тоа му требаат пет години.
Овде можете да погледнете како „фаците“ даваат отказ!Студијата на француските и велшките експерти објавена во магазинот “Ocuupational and Enviromental Medicine”, сугерира дека лицата

Пронајдете не на следниве мрежи: