На алкохолните пијалоци многу често гледаме како на начин кој ќе ни помогне да го „скршиме мразот“, посебно кога се младите во прашање. Меѓутоа, прекумерното конзумирање на алкохол може да претставува здравствен ризик, пишува „Дејли Мејл“. „Младите, посебно студентите, се мошне нервозни, а алкохолот претставува начин да се вклопат меѓу своите, но и постарите студенти. Ваквиот вид на конзумација на алкохол, со себе носи и одредени проблеми. Еден од проблемите претставува и труењето со алкохол после прекумерната конзумација, посебно поради тоа што не пијат секој ден и тоа е проблем затоа што не знаат како ќе реагира алкохолот“, тврди таа.
Новото истражување откри дека играта која вклучува конзумирање алкохол може да доведе до губење на меморијата и срамно однесување кај младите.
Научниците, кој следеле повеќе од 700 нови студенти, тврдат дека мажите при прекумерната конзумација на алкохол го губат памтењето и воглавно пијат два алкохолни пијалоци повеќе од жената.
Од друга страна, повеќе алкохолни пијалоци кај жената може да доведат до однесување, кое може да ги засрами, а можат да станат и неподносливи и да навредуваат други лица.
Џеки Балард од организацијата „Алкохол Концерн“ напомена дека на многуте универзитети се негува културата на редовно конзумирање на алкохол.
„Ситуацијата воопшто не се подобрува, ако ги земеме во предвид бројните реклами за алкохолни пијалоци кои пиењето го претставуваат како нормална и позитивна работа“, тврди таа.
Наспроти ова, конзумирајте го овој здрав пијалок, кој ќе ви ги ослободи маснотиите од крвта!„Младите, посебно студентите, се мошне нервозни, а алкохолот претставува начин да се вклопат меѓу своите, но и постарите студенти. Ваквиот ви


