Џордан Аксани (27) од Канада се скарал со сега веќе поранешната девојка со која испланирал пат околу светот (Париз, Виена, Њу Делхи…) и сега сака нејзината карта да ја подари на некој друг за да не пропадне.Но картата не може да ја добие било кој бидејќи таа веќе е купена на име на неговата поранешна девојка Елизабет Галагер (Elizabeth Gallagher) со живеалиште во Канада, честитаме – пакувајте ги куферите!
Џордан раскинал со девојката откако веќе го резервирале патувањето на кое се оди еднаш во животот и сега не сака тоа да му пропадне.
„Во март резервирав интересен пат околу светот за Божиќ за својата поранешна девојка и себе. Иако ни пропадна врската, јас и понатаму планирам да одам на патувањето, а таа, секако не. И бидејќи не сакам другата карта и резервациите да пропаднат, барам девојка од Канада која се вика Елизабет Галагер која ќе може да ја искористи картата“, рекол Џордан за „Редит“
Џордан објаснил дека не бара „сурогат девојка“ и дека нема никакви романтични намери туку само сопатник која сака да патува и да види некои интересни работи.
„Не барам ништо за возрат. Ниту утеха, ниту врска или замена, ниту да правам селфи пред божиќниот базар во Прага. Доколку сакате да ми дадете некоја пара, супер, но навистина единствената работа која ја барам е да уживате во ова патување и да ви донесе радост“, рекол тој.
Среќната добитничка треба легално да се вика Елизабет Галагер, да има канадски пасош и да сака да патува.
Но Џордан благодарение на Рдит веќе пронашол една потенцијална кандидатка.
„Здраво се викам Лиз (Елизабет) Галагер и сум од Канада. Но стара сум доволно за да му бидам мајка. Доколку нема помлада девојка , морам да кажам дека тоа би било интересно искуство. Моите ќерки (23 и 25) ми рекоа: Мамо стори го тоа! Сега тие сакаат да го имаат моето име“, напишала жената која одговара на условите.
Џордан рекол дека ќе стапи во контакт со нејзе.Но картата не може да ја добие било кој бидејќи таа веќе е купена на име на неговата поранешна девојка Елизабет Галагер (Elizabeth Gallagher)



