Ова бебе било болно од рак уште во стомакот на својата мајка. Нејзината борба за живот се уште трае

Табита Бејкер (24) и нејзиниот маж Џејми (25) биле пресреќни кога во февруари минатата година откриле дека ќе имаат уште едно дете. Нивниот син Харли тогаш имал две години. Но ултразвукот покажал нешто што ги загрижило докторите.Бременоста на Табита напредувала добро и во мај месец знаеле дека очекуваат девојче.
„Веднаш почнав да размислувам за тоа како ќе ја облекувам во розеви фустанчиња и смислив име- Лилани“, вели Табита.
Кога во 20-та недела од бременоста ова Австралијанка отишла на ултразвук, и рекле дека бебето убаво се развива. Иако лекарите и рекле дека повеќе не мора да доаѓа, Табита сепак отишла и во 36-та недела.
„Бидејќи првиот пат се продив со царски рез, сакав ова породување да помине без тоа. Докторите прво проверија колку е тешко бебето во стомакот. Но кога докторот излезе од собата без зборови, мојот мајчински инстинкт ми рече дека нешто не е во ред. И бев в право. Ми рекоа дека Лилани има нобична грутка на десната надбубрежна жлезда“, раскажува таа.

Во тој момент не можеле да и кажат ништо повеќе, па одлучила да направи повеќе тестови. Докторите не и кажале за што би можело да се работи, но таа на интернет открила дека тоа најверојатно е рак. Дури утредента докторите и рекле дека се работи најверојатно за неуробластом, тумор на нервното ткиво.
„Моравме да чекаме да се роди за да бидеме сигурни дека дијагнозата е точна. Но Џејми и јас сеедно мислевме на најлошото. Не се ни роди, а веќе мислевме дека ќе ја изгубиме“, вели таа.
Кога влегла во 39-та недела од бременоста, докторите не сакале да ризикуват и да чекаат. Лилани се родила тешка 3,9 килограми.
„Кога ја родив и ја зедов во раце, Џејми и јас бевме воодушевени од нејзе и на момент заборавиме на тоа дека е болна. Но не можевме за долго да ја избегнуваме реалноста“, раскажува Табита.

Докторите направиле дополнителни тестови и малата Лилани по седум дена излегла од болница. Две ндели од раѓањето на родителите им било соопштено дека нивното бебе има неуробластом со обем 2 см.
„Сакав да викам -извадете го тоа од нејзе-  но докторите предложија нешто друго. Објаснија дека нејзиниот рак се уште е во почетен стадиум и дека некои американски студии покажале дека карциномот би можел да се смали до нејзиниот пети роденден. Ни рекоа дека таква операција на толку мало бебе би можела да доведе до трајо оштетување на органите,  инфекција или проблеми со плодноста во иднина. А доколку се одлучиме за операција, докторите не можат да ни гарантираат дека ракот нема да се врати“, вели таа.
Лилани оди на ултразвук на секои четири недели и постојано и прават проверка на урината. Но бидејќи по 4 месеци туморот не се намалил, Табија и Џејми помислиле на операција. Сепак, во февруари оваа година со ултразвук утврдено е дека грутката се намалува.
„Туморот почна да се намалува! Иако тоа не значи дека Лилани е здрава, ние барем донесовме одлукада не ја изложуваме на операција“, вели Табија.
Денес, осум месеци откако почна да се намлува, нејзиниот тумор е намален за 60 проценти. Нејзината состојба постојано се следи.
„Туморот се намалува, но ние и понатау сме загрижени. Сепак, се трудиме да уживаме во секој момент со нејзе. Толку е мала, слатка и безгрижна- тешко е да се поверува дека таа се бори против рак“, вели оваа загрижена мајка.
 Бременоста на Табита напредувала добро и во мај месец знаеле дека очекуваат девојче.
„Веднаш почнав да размислувам за тоа како ќе ја

Пронајдете не на следниве мрежи: