Зошто имаме поголем АПЕТИТ за јадење во присуство на други луѓе?

Студииите покажуваат дека јадеме многу повеќе во друштво на лице со прекумерна тежина, брачен другар, членови на семејство, пријатели… Зошто е така и можеме ли нешто да направиме во врска со тоа? Јадењето со други луѓе ве дебелее – ова беше докажано од страна на безброј научници. Студијата за „дебелината“ беше објавена во најновиот број на списанието „Appetite“. Тим на психолози, предводен од Мицуру Шимизу на Универзитетот Јужен Илиноис, откри дека луѓето јаделе 31,6 % повеќе тестенини и 43,5 % помалку салата, кога се во друштво на лице со прекумерна тежина, без оглед на тоа колку здрава (или нездрава) била храната што ја јадело другото лице.
Експериментот следеше после хипотезата дека „целта да се јаде здрава храна е деактивирана преку јадење со некој кој е со прекумерна тежина“, објаснува Шимизу. „Веројатно ние имаме несвесна цел да јадеме нездрава храна, затоа што сме навикнати, но кога јадете во друштво на лица со прекумерна телесна тежина, можеби таа цел е помалку или целосно деактивирана“.

Ова покренува многу прашања- но не и најмалку важното, кој е заклучокот од овие наоди? „Овие нешта се случуваат несвесно, па ако знаеме дека постои влијание од лицето со прекумерна тежина, тогаш можеби можеме да го избегнеме таквиот ефект“.
 Друштво = калории
 Кога јадеме со други лица, ние внесуваме во просек 44 % повеќе храна, отколку кога јадеме сами. Во 1989 година, американскиот психолог Џон де Кастро, покажа како јадењето во различна големина на групи, влијае врз конзумирањето храна. Во подоцнежниот извештај, тој објави: „Оброците кои се јадат во придружба со едно лице се 33% поголеми од оброците, кога ги јадете сами, додека се зголемува за 47%, 58%, 69%, 70%, 72% и 96% кога во присуство се 2,3,4,5,6 и 7 или повеќе лица во моментот“. Се претпоставува дека ова има врска со фактот дека оброците се пролонгираат, кога се јаде во друштво. Сепак во 2010 година, тим од Универзитетот во Аделаид ги следеше луѓето кои јадат осамени во ресторан за брза храна и забележа дека луѓето чии оброци траат повеќе, поради тоа што читаат нешто, не јадат значително повеќе од било кој друг. И животните јадат повеќе кога се во друштво, Од глувците до кокошките и кучињата, ако ги храните кога се сити и потоа им донесете некои животни од нивниот вид како јаде, тогаш тие ќе почнат повторно да јадат.Јадењето со други луѓе ве дебелее – ова беше докажано од страна на безброј научници. Студијата за „дебелината“ беше објавена во најнови

Пронајдете не на следниве мрежи: