Зошто добиваме грип најчесто во зима?

Наближува зимата, а тоа значи дсека ќе дојде до зголемување на бројот на луѓето кои ќе добијат грип. Многумина сигурно почнаа да се подготвуваат за ладното време со примање на вакцини против  грип, но зошто епидемијата на грип е толку застапена во зима?Грипот е најзастапен во периодот помеѓу декември и февруари,  но може да биде крајно непредвидлив и да почне да се појавува дури и во октомври.
Научниците не се сигурни зошто ова болест е почеста во зима, но имаат неколку теории.
Истражувањата покажуваат дека во ладните, суви услови, честичките на вирусот можат да останат во воздухот подолг  временски период  отколку кога температурите се повисоки.
Студија од 2008 година покажува дека надворешната обвивка на грипот станува поцврста на пониски температури, што им дозволува на микробитеда патуваат низ воздухот од личност до личност.

Вирусот сака ниски температури. Се чини дека во такви услови подобро опстанува“, изјавил  др. Лен Хоровиц од  Ленокс Хил болницата во Њујорк.
Луѓето во текот на зимата исто така поминуваат повеќе време во затворани простории што пружа доплнителна прилика вирусот да продолжи да се шири, тврдат експертите.
Тие исто така велат дека најдобриот начин да се заштитиме од од грипот е да примиме вакцина против оваа болест.Грипот е најзастапен во периодот помеѓу декември и февруари,  но може да биде крајно непредвидлив и да почне да се појавува дури и во октомври

Пронајдете не на следниве мрежи: