Колку и да го сакаме алкохолот, никој од нас не ги сака лошите последици од трезнењето, со кои се соочуваме следното утро. Конечно е ставен крај на тоа!Мачнината, ужасната главоболка и вртоглавица после бурната, пијана ноќ, наскоро ќе станат минато. Барем кога се љубителите на пиво во прашање! Австралиските нутриционисти успеале да го направат невозможното – да произведат пиво кое не предизвикува мамурлак!
Суштината е во тоа што лошите последици после прекумерното пиење алкохол ги чувствуваме поради тоа што мочниот меур, пробувајќи да исфрли токсини од телото, работи засилено, оставајќи ги останатите органи без доволно течност, односно стануваме дехидрирани.
Прочитајте на кои места се пие најдобро пиво!
За да направат магично пиво, научниците од Здравствениот институт на Универзитетот Грифин додале разни познати електролити – супстанци задолжени за регулација на водата во организмот.
Потоа тестирале група доброволци, која инаку редовно има мамурлук.
Експериментот успеал, но на жал, само кај оние пива со помал процент на алкохол.
Погледнете како можете да отворите шише пиво, без да го допрете!
Исто така, испитаниците се пожалиле дека со додавање на електролити пивото добива минимално полош вкус, затоа што веќе немало толку многу меурчиња, клучни за острата арома на пивото.
„Свесни сме дека многу луѓе, исцрпени од играњето во дискотека или по напорниот тренинг, сакаат да се почестат со по некоја кригла пиво. Затоа одлучивме за нив да направиме пијалок кој ќе ги намали негативните ефекти и утринските последици од трезнењето. Се надеваме дека успеавме во тоа“, порачале авторите на истражувањето.
Еве зошто пивото има толку добар вкус!Мачнината, ужасната главоболка и вртоглавица после бурната, пијана ноќ, наскоро ќе станат минато. Барем кога се љубителите на пиво во прашање


