Неодамна објавените документи откриле планови на британската влада, дека во случај на нуклеарен напад, преживеаните би ги ставиле под водство на психопат.Националните архиви на Велика Британија го открија планот “Exercise Regenerate” од 1982 година која имал за цел да го сочува редот во случај на најлоши можни ситуации кои би можеле дополнитлено да го погодат општеството.
Џејн Хог, научничка од Велика Британија која работела на оваа операција, смета дека логиката, интелигенцијата и способноста да се носат со кризни ситуации и падот на моралот, психопатите ги чини идеални лидери во хаос, кој би настанал по нуклеарен напад.
„Во научни кругови општо е прифатено дека околу еден отсто од населението е составено од психопати. Тие не покажуваат никакви психолошки тегоби во општеството кое претрпело големи загуби. Добро се носат со кризата, не сочувствуваат со другите, немаат морален компас и обично се мошне интелигентни“.
„Пред нападот, единствено решение за овие луѓе е да бидат оддалечени од општеството, а по нападот, во моменти кога се потребни итни акции, формалните власти би можеле да ги регрутираат, бидејќи би била многу вредни соработници“, истакнала Хог.
Сепак, белешките за овој план откриваат дека колегите на Хог не го делеле нејзиното мислење.
Инаку, во случај на нуклеарна војна било планиранио Кралската јахта во најбрзо време да јаевакутира кралицата, а биле организирани и вежби за подготовка на населението за еднотаквио сценарио. Националните архиви на Велика Британија го открија планот “Exercise Regenerate” од 1982 година која имал за цел да го сочува редот


