Клеми Хакерби (18), од Велика Британија, во јуни заболела од рак на штитната жлезда. Болеста предизвикала појава на дури 20 тумори на нејзиниот врат, но оваа храбра девојка успеала да ги победи. Таа е здрава и среќна, па дури и се натпреварува за Избор за мис.Пред само четири месеци, оваа девојка била на операција и големата лузна на нејзиниот врат е единствениот знак кој ја потсетува на нејзината борба.
– Кога се разбудив по операцијата, личев на Франкенштајн. Имав огромна лузна. Сега подобро се чувствувам и се натпреварувам во Избор за мис. Сакам да ја кренам свесноста за ракот на штитната жлезда – рече таа.
Прв знак на болеста бил големиот умор. Иако мислела дека тоа не е знак за сериозна болест, таа сепак отишла на преглед и лекарот ѝ покажал дека болеста земала замав.
Иако не ѝ е најважно да победи, таа би сакала да је понесе титулата Мис на Ворчестер. Таа додаде дека би било добро и да заработи малку пари, со цел да им помогне на заболените од рак.
Пред само четири месеци, оваа девојка била на операција и големата лузна на нејзиниот врат е единствениот знак кој ја потсетува на нејзината борба.



