Однадвор е идиличен град. Но, во него живеат НАЈМОРНИЧАВИТЕ сеништа од минатото!

Илај Гампел, кој е татко на едно еврејско момче кое оди 9. одделение од ландсбергшката гимназија, рече дека е разочаран од фашистичките поздрави кои се дел од секојдневната комуникација помеѓу учениците, кои длабоко го растажиле неговиот син.- Некој на мојот син му закачи налепница на рамото со ознака NPD, иако секој во одделението знае дека тој е Евреин – изјави Гампел за магазинот „Фокс“.
Учениците во гимназијата во Ландсберг, кој се наоѓа во покраината Саксонија – Анхалт, во меѓусебната комуникација се поздравувале со фашистички поздрави. Но, она што тие денес го направија ја шокираше германската јавност.
Германската Национално-демократска партија (NPD) е екстремно десничарска и неонацистичка странка.
Загрижениот татко налетал на групен разговор на WhatsApp, каде што учениците меѓусебно се поздравувале со нацистички поздрави, како што се: „Зиг Хајл“, „Дојчланд Зиг Хајл“ и пишувале пароли кои се непријателски настроени кон странците. Тој споделил и фотографија:

Веднаш потоа го пријавил случајот во полиција.
– Уште од понеделникот го истражуваме овој случај – изјави портпаролот на полициската дирекција Саксонија-Анхалт.
Ова не е прв пат во оваа покраина да се случуваат вакви неонацистички испади. Пред неколку години, неонацистите го запалија американското знаме и книгата „Дневникот на Ана Франк“.
Поради можни превирања, полицијата чува повеќе од 60 еврејски објекти кои се наоѓаат во овој град.- Некој на мојот син му закачи налепница на рамото со ознака NPD, иако секој во одделението знае дека тој е Евреин – изјави Гампел за магазин

Пронајдете не на следниве мрежи: