Британи Мејнорд стана светски позната откако објави дека планира да се убие на први ноември бидејќи има смртоносен тумор на мозокот. Но, сега кога тој датум се приближува, несреќната Британи смета дека вистинскиот момент за тоа се уште не дошол.Иако нејзиното здравје секојдневно се влошува, таа и понатаму ужива со семејството и не е подготвена да се откаже од тоа.
Мејнорд на почетокот на месецот објави дека ќе се убие на почетокот на ноември, бидејќи не сака нејзиониот тумор на мозокот да и го одземе достоинствто. Таа оттогаш стана најголемиот поддржувач на програмата „Смрт за достоинство“, која им овозможува на терминално болните луѓе да добијат смртоносни лекарства од докторите, со кои можат да си го одземат животот кога и доколку посакаат.
Но, сега кога се ближи први ноември, Британи смета дека се уште не дошло времето да го напушти овој свет. Таа ова го споделила со своите пријатели и луѓето кои ја поддржуваат ширум светот во видеото на својата веб страна.
„Доколку осамне 2 ноември и јас нема повеќе да бидам таму, се надевам дека моето семејство ќе биде гордо на мене и мојата одлука. А доколку дојде 2 ноември и јас сум и понатаму жива, знам дека ќе го продолжиме животот како семејство, поради љубовта, и ќе знаеме дека таа одлука ќе дојде подоцна“, вели Британи, која не е сигурна дека ќе го стори тоа на први ноември, н ои понатаму е сигурна дека ќе си го одземе животот.
Во април докторите и рекле дека може да очекува уште 6 месеци живот. Тогаш одлучила да се пресели од Калифорнија во Орегон, каде легално може да си го одземе животот.
„Боли, бидејќи јас всушност го ризикувам секој ден кога ќе се разбудам. Но го паравм тоа бидејќи ми е доволно добро. И понатаму уживам, и се смејам со своето семејство. Затоа не ми делува како сега да е вистинското време. Но, ќе дојде, бидејќи чувствувам дека ми е се полошо, и тоа се случува секоја недела“, вели таа.
Нејзиниот сопруг Ден, за кој Британи вели дека е вистински херој, ја поддржува својата жена и знае дека е поважен квалитетот отколку квантитеот. Таа вели дека тој сфатил дека сите материјални работи се неважни, и сега се труди да го искористи секој ден се подобро.
Но, Британи се плаши дека ќе чека премногу долго.
„Се плашам дека ќе чекам премногу долго, дека обидувајќи се да го искористам секој ден вушност ќе чекам мојата болест дами ја одземе мојата анатомија. Неодамна го имав најлошиот сет напади. Ги имав два пати дневно, што е невообичаено. Се сеќавам дека во еден момент го гледав сопругот в лице,и мислев -Знам дека ова е мојот сопруг, но не можам да го изговорам неговото име“, раскажува Британи.
Мејнард вели дека повеќе не сака да се гледа во огледало, бидејќи во последните неколку месеци добила скоро 40 килограми. Не сака да се слика, ниту да биде близу камера. Сето тоа се случило поради природата на нејзината болест.
„Не сум полна со незадоволство, едноставно телото многу ми се промени за картко време. Во еден момент не можете да се препознаете. Понекогаш луѓето ме гледаат, и мислат дека не изгледам толку болно колку што велам. Тоа боли, бидејќи кога имам напад останувам прализирана, се чувствувам многу болно.
Кога ќе умре, би сакала нејзината мајка да продолжи со животот и да не запаѓа во депресија. Истото го посакува и за сопругот.
„Сакам животот да му продолжи, тој е прекрасен човек. Сакам да има семејство. Звучи чудно, но ниту еден дел од мене не сака тој да жали по мене целиот живот“, тврди Британи.Иако нејзиното здравје секојдневно се влошува,



