Вистинска причина поради која луѓето НЕ КУПУВААТ ЗДРАВА ХРАНА!

Хранењето здраво чини три пати повеќе од конзумирањето на нездрава храна и цената на јазот се продлабочува.  Ова е резултатот на едно истражување на Универизетот Кмебриџ, со што е прикажан голем јаз во трошоците помеѓу здравата и нездравата храна.  
Истражувачите испитале речиси 100 популарни статии за храна, кои се дефинирани според критериумите на Владата како здрана или не.
Тие открија дека 1000 калории од здравата храна како што се лосос, јогурт и домати, чинеле во просек 7,49 фунти во 2014 година.
Истата количина калории од помалку здравата храна, како што се пица, хамбургери и крофни, можат да се купат во просек од 2,50 фунти.
Јазот меѓу двете количини од 1000 калории, денес изнесува 4,99 фунти, иако пред 10 години беше 3,88 фунти.
Истражувачите од Универзитетскиот центар за истражувањето на исхрана и активност, ја повика владата да стори повеќе во намалување на трошоците за здрава храна.
Водечкиот автор Николас Џонс изјави: „Сиромаштијата за храна е проблем од интерес на јавноста во Велика Британија, но и сигурноста дека луѓето нема да бидат гладни е важно за здравата храна да биде прифатлива“.
„Зголемувањето на разликата во цената помеѓу помалку и повеќе здравата храна е фактор, кој може да придонесе кон порастот на несигурноста на храната, порастот на нееднаквостите во здравството како и влошување на здравјето кај населението“.
Д-р Џон Мидлтон, од Факултето за јавно здравство, изјави дека зголемувањето на цените на здравата храна ги принудува многу семејства кон нездрава храна и придонесува за се поголеми, загрижувачки бројки на лица, со прекумерна телесна тежина и дијабетес.
„Цената на здравите опции е една од многуте причини зошто имаме сиромаштија за храна во Велика Британија“ – рече тој . „Овде не се работи за индивидуален избор. Обвинувајќи поединци за незнаење да готват со мал буџет, нема да помогне“.
Истражувачите ја следеа цената на 94 клучни видови храна и пијалоци во периодот од 2002 до 2014 година.

Здрава храна 2002/2014 (1000 калории)
Домати 9,53/13,21 фунти
Бургери со зеленчук 2,17/2.80 фунти
Нискомаслено млеко 1,07/1,73 фунти
Козервирана туна 3,22/5,54 фунти
Јогурт 14,09/17,68 фунти
Лосос 4,11/6,87 фунти
Посно говедско месо 2,64/4,52 фунти
Замрзната зелена салата 11,36/16,45 фунти
Карфиол 6,89/9,97 фунти
Конзервирана чорба 1,91/3,42 фунти
Нездрава храна 2002/2014 (1000 калории)
Замрзната пица 2,10/1,58 фунти
Бургер со говедско месо 1,24/2,01 фунти
Сланина 3,14/4,15 фунти
Кока Кола 2,61/4,24 фунти
Крофна 0,96/0,98 фунти
Сладолед 1,50/1,57 фунти
Бонбониери 6,25/4,68 фунти
Тегла мармалад 0,86/0,99 фунти
Пандушпан 1,26/1,21 фунти
Газирани енергетски пијалоци 4,09/5,55 фунти  Ова е резултатот на едно истражување на Универизетот Кмебриџ, со што е прикажан голем јаз во трошоците помеѓу здравата и нездравата храна.  

Пронајдете не на следниве мрежи: