ДАЛИ Е ДО ПЕРЦЕПЦИЈАТА: Ние само мислиме дека светот е ужасен, всушност работите се подобруваат?!

Еден британски економист дава податоци кои служат како доказ дека се` правиме како што треба и дека нашиот свет станува многу подобро место за живеење и покрај тероризмот, еболата, војните, економската криза и останатите непријатни настани.Тоа е цврст факт: нашиот свет станува подобро место, тврди младиот оксфордски економист, д-р Макс Роузер во своето истражување.
Неговото тврдење звучи чудно во светот кој се соочува со експанзијата на крвавиот исламски тероризам и нечовечните активности на ИСИЛ на Блискиот Исток, трагичниот призор од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, каде што луѓето секојдневно умираат од ебола, крвавата граѓанска војна во Украина, економската криза која со години го потресува светот итн. Но, Роузер тврди дека нашиот свет не оди во правецот на катаклизмата и дека на луѓето им оди се` подобро.

“The World Is Becoming A Better Place” https://t.co/EqCx1v33Fy The @businessinsider on my blog for @oxmartinschool pic.twitter.com/me6nrLzMdW
— Max Roser (@MaxCRoser) October 28, 2014

Младиот британски економист со својата студија го претстави OurWorldinData.org, нова веб-публикација која го прикажува општествениот и економскиот развој на светот низ историјата на човештвото. Фактот дека луѓето се помалку насилни, поедуцирани, подобро се хранат и подолго живеат од порано, е застапен и во неколку книги кои се објавени во последните неколку години, но веб-студијата на Роузер е единствена поради интерактивната визуелизација која покрива широк спектар на теми: насилство, војни, животната средина, пораст и дистрибуција на додатоци, храна, здравствени трендови…

Homicides declining for 700 years Compared with past we now live in very peaceful times: https://t.co/SY1ahTGD1h pic.twitter.com/kh93aYB8ZN
— Max Roser (@MaxCRoser) October 8, 2014

From The Visual History of Health (https://t.co/jPv8iQbMen) Fewer and fewer infants die before their 1st birthday. pic.twitter.com/SsLgqvC2Iw
— Max Roser (@MaxCRoser) October 22, 2014

Тој смета дека за подобрувањето на општиот напредок на човештвото најдобро се гледа на планот за подобрување на здравјето кај луѓето. Во текот на минатиот век, смртноста помеѓу децата се намалила за 90%, а просечниот животен век пораснал за 100%.
– Во сиромашниот период пред модерното доба, очекуваниот животен век бил околу 30 години. Кога сиромаштијата почнала да се намалува, просечниот животен век во индустријализираните земји почна да расте – објаснува Роузер.
– Постојаното продолжување на животниот век во индустрискиот свет, доведе до глобална нееднаквост, која беше најочигледна во 1950 година, каде на една страна се наоѓаа жителите на богатите земји, а на другата оние во неразвиените земји. Во текот на последните децении, таа глобална нееднаквост значително се намали на планот на здравјето кај луѓето. Визуелните покажатели јасно говорат дека стануваме се` помалку насилни, а истовремено потолерантни. Живееме поздраво и подобро се храниме, а сиромаштијата се намалува. Ако во предвид се земат тие факти, тогаш добиваме позитивна слика за тоа како се менува светот – вели оптимистичниот Макс Роузер.

From: https://t.co/jPv8iQbMen “No country today has a lower life expectancy than the highest 200 years ago.” pic.twitter.com/TouhSpnwnL
— Max Roser (@MaxCRoser) October 28, 2014
Тоа е цврст факт: нашиот свет станува подобро место, тврди младиот оксфордски економист, д-р Макс Роузер во своет

Пронајдете не на следниве мрежи: